Pantokrator.Matka1.jpg

КОГА ТРЕБА ДА ЈА КАЖУВАМЕ МОЛИТВАТА "ОЧЕ НАШ"?


— Секогаш!
Нема време кога не се кажува "Оче наш". А таа молитва, бидејќи е многу куса, можеме секогаш да си ја кажуваме каде и да се наоѓаме, а да не изгубиме од работата и времето. Денешниот човек е многу зафатен, но сепак за една толку куса молитва може да најде време и да ја каже. Ете, за цар Давид, иако презафатен со царски работи, во Светата Библија се вели дека 7-пати во денот Му се обраќал на Господа со молитва. Ние сигурно немаме повеќе обврски од царот и затоа, можеме, ако сакаме, да се помолиме на Господа неколкупати во денот со молитвата "Оче наш". Се разбира, оваа молитва секогаш треба да ја кажуваме од срце, со душа и мислено, а не само со зборови — вербално.
Рековме дека може да се кажува секогаш молитвата "Оче наш", но сепак, просто задолжително е за еден христијанин да ја каже "Оче наш" барем во следниве моменти:
— при станување,
— пред ручек и
— пред спиење.
Односно како што вели Свети Серафим Саровски:
"Најмалку трипати на ден."
Потоа, "Оче наш" се кажува и со секоја друга молитва и при секое молење, а особено при бла-годарствени милебни молитви — ко-га Му благодариме на Господа за некоја радост и добрина, а исто така и кога сме натажени и кога сме во некои маки и страданија. Едностав-но речено, секогаш кога ќе почувствуваме потреба да се помолиме на Бога, нашето молење.
треба да го започнеме со молитвата "Оче наш", а потоа да ги кажеме и другите молитви. Зошто? Затоа што молитвата "Оче наш" го подгрева чувството за молење.
Најраспространета молитва во светот е молитвата "Оче наш".
Најмалата печатена книга со минијатурни димензии е направена во Германија и во неа е испишан текстот на молитвата "Оче наш".
Првите зборови кои се изговорени од вселената, односно од Месечината се зборовите на молитвата "Оче наш".
Молитвата "Оче наш" има чудотворна моќ и многумина привела кон духовен живот и кон спасение.
Но, ја знаеме ли ние молитвата "Оче наш"? За жал, многумина не ја знаат!
Во една христијанска земја, неколку мали дечиња играјќи си во дворот се скараа со едно друго дете и при тоа, сакајќи да го навредат рекоа дека не го знае "Оче наш". Од таквото укорување детето беше многу навредено и заплака... Колку е, пак, голем срамот и колкава е навредата за возрасните кои не го знаат "Оче наш", а се нарекуваат христијани?! Затоа научете ја оваа куса молитва и практикувајте ја, бидејќи секој што е крстен, а не ја знае и не ја кажува молитвата "Оче наш" личи на патник без компас во морето на животот. Голем срам е некој да се кажува дека е христијанин, а да не ја знае "Оче наш" и да не ја практикува.
Молитвата "Оче наш" е Господова молитва. Таа е Божји збор и неа Гос-под ја дал за сите луѓе, за секоја воз-раст и за секој пол, за машко и жен-ско, за стари и млади, за дедовци и за деца, за учени и за неуки. Сите мо-жат да научат напамет 70-ина збора и со нив да Му се молат на Господа Бога.
Со оваа молитва се молеле апостолите Христови, се молеле и првите христијани, и светителите, па, ако за нив таа била потребна, многу попотребна е за нас.
олете се со "Оче наш"! Амин! = Со оваа молитва се молеле апостолите Христови, се молеле и првите христијани, и светителите, па, ако за нив таа била потребна, многу попотребна е за нас.
Молете се со "Оче наш"!

Амин! = Нека биде така!

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.Oce.nash.jpg
Автор: протоѓакон Ратомир Грозданоски - „Господовата молитва“
Издавач: “Магнат”- Скопје
Со благослов на Архепископот  Охридски и Македонски г.г.  Михаил

ПРЕДГОВОР

Возљубени браќа и сестри,
Голема е тајната и силата на Господовата молитва. Во толку кратка молитва, со малку зборови, содржана и искажана е голема духовна сила на молението.
Ако Бог е Отец на христијаните, тогаш тие не смеат молитвено да Го повикуваат преку молитвата "Оче наш" и Отец да Го нарекуваат, ниту Господовата молитва да ја кажуваат додека не се покаат и не се очистат од гревовите свои, оти така заповедал Свети апостол Павле и рекол: "Да отстапи од неправдата секој, што го произнесува името Господово!" (2. Тим. 2,19).
Како можеш да Му речеш на Бога "Оче наш," а живееш недостојно, сиот си во гревови и со својот карактер си станал ѓаволоподобен?
Оние, кои Бога Го нарекуваат Отец и кои се молат со "Оче наш" треба да бидат синови Божји, а синот треба да личи на отецот, треба да биде богоподобен во се: во своите мисли, во своите зборови, во своите чувства и во своите дела.
Ако си грешел, пак, брзо покај се и исповедај ги гревовите свои!
Направи и ти како што направил блудниот и непослушен син (Лука 15, 11-32). Погледни кон себе си и во себе си, согледај го гревот свој и обрати се — врати се кај Бога Отецот, па појди в црква кај свештеникот и пред него и пред лицето Божјо со смирение и покајание признај го и исповедај го својот грев, велејќи: — Оче згрешив против небото и пред Тебе и не сум веќе достоен да се наречам Твој син, но прими ме, оти се каам... (Лука 15,18-19). Тогаш Бог ќе ти прости и ќе те прими со радост.
И дури потоа заедно со сите христијани ќе можеш достојно да ја кажуваш молитвата "Оче наш" и Бога да Го нарекуваш твој Отец, а луѓето да ги чувствуваш како свои браќа. Така ќе имаш во себе вистинско богољубие и човекољубие, а тие се двете најголеми заповеди врз кои се темели целиот Закон и Пророците и преку кои се спасува човекот (Матеј
22,37-40).
Авторот.
 

Друго: