Гордите се сметаат себеси за центар на светот, како целото создание да е создадено поради нив и за нив.

Таа самољубивост е коренот на сите нивни несреќи и страдања
.Самољубивоста е духовен изолационизам, спротивставување на себеси не само на другите, туку и на Бога.
Самољубивоста, заснована врз страстите, предизвикува судир со страстите и барањата на другите, раѓа лаги и насилство и го претвора животот во борба едни против други.
Суетата е чувство на надмоќ над друга личност.Каде што има самовосхитување, таму има возгордеаност; каде што има возгордеаност, таму неизбежно следи пад.
Суетата, оставена да расте во срцето како плевел, станува гордост — извор, збир, а истовремено и концентрација на сите гревови
.Кога нè воздигнуваат, да се сетиме дека човечкиот суд е едно, а Божјиот суд е друго.Кога нè фалат, да имаме предвид дека демонот нè искушува преку тие луѓе.
Самољубивоста е лага на душата, претворање на човекот во глумец кој настапува на сцената на животот за аплаузот на толпата, која тој самиот, длабоко во своето срце, ја презира.
Катастрофалното разделување на луѓето едни од други се случува токму поради гордоста, без оглед на нејзината природа — лична, национална или интелектуална
.Архимандрит Рафаил (Карелин)
од книгата „Накратко за бесконечното“
fb Pravoslavie
13.08.2026