Кога ќе дојде светлината, темнината исчезнува сама по себе

TVIT928

 

          Не може секогаш да бидеме добро. Има моменти кога не болат душата и телото.
Чувствуваме дека не можеме повеќе да издржиме, се чувствуваме уморни и исцрпени. Немојте да бидете строги кон себе, животот и другите. Не секогаш е возможно да се насмееш, да поседуваш издржливост во борбата. Такви моменти имаа и светителите, па како не би имале и ние во светот, со сите притисоци и стресови.
          За свети Јосиф Исихаст се вели дека во еден период бил совладан од тага. Тој побарал да биде одведен кај еден монах пустиник во една испосница за малку да се насмее.
„Ако успееш да поттикнеш друга личност да се насмее, ѓаволот и злото ќе пукнат“. Смеата е нематеријална добрина ( милост ).....
Сите ние, млади и стари, светители и грешници, поминуваме низ тешки моменти и периоди од животот. Не дозволувајте помислата на очај да ви шепне „само вие сте такви...“ Не, сите луѓе поминуваат низ истото.
          Од една страна, сето ова е добро за нас. Не потсетува дека сме создадени и распадливи, ја разбива илузијата за нашата семоќност. Тоа нè отвора кон Божјата милост. Зашто, ако го поднесете Крстот, ќе дојде и Воскресението. Ако ја вкусите горчината на болката, тогаш ќе се засладите со Божјата благодат.
            Но мора да внимаваме во овие тешки и мрачни моменти, да не паднеме во тешки гревови. Затоа што кога душата боли, човекот сака да избега од болката, празнината и тагата и прави гревови. Што е грев? Замена за Бога. Го губиме Бога, не можеме да ја поднесеме празнината, бедата и тагата, и тогаш за да не полудиме, правиме гревови. Да ја пополниме празнината што е подготвена да не проголта. Се разбира, ова ништо не решава, само го зголемува злото но за момент чувствуваме дека сме се утешиле. Не треба никого да критикуваме, бидејќи го гледаме гревот, страста и неуспехот, но не ја гледаме раната, болката што секој човек го наведува на грев.
         Да ги сакаш луѓето, да ги разбереш, тоа се страдањата на постоењето. Луѓе сакаат љубов, а не казна и осуда. Затоа свети Порфириј нагласуваше - не се занимавајте со вашето зло и гревовите. Во грев си паднал, добро, заборави го, обрати се кон доброто, светлината, кон Хрисос. Кога ќе дојде светлината, темнината исчезнува сама по себе, не треба да ја бркате.

 TVIT924


Отец Хараламбос Ливиос Пападопулос
Подготвил Симеон Стефковски

2023