starec.Ilija

„Го прашале старец Илија: Колку вида на другари има?
- Четири - откако размисли, одговори тој.
1. Има другари, како храна - од нив имаш потреба секој ден.
2. Има другари, како лек - ги бараш кога ти е лошо.
3. Има другари, како болест - тие самите те бараат.
4. Но има и такви другари, кои се како воздух - не ги гледаш, но тие секогаш се со тебе“.

 

 

Поуки од Свети Нектариј Егински
Целта на нашиот живот е да станеме совршени и свети. Да бидеме деца Божји и наследници на Царството небесно.
Да внимаваме да не бидеме лишени од идниот живот, заради овој, поради животните грижи и неспокојот, да заборавиме на целта на нашиот живот.
Постот, бдеењето и молитвата сами од себе не ги донесуваат саканите плодови, затоа што тие не се целта на нашиот живот; тие се средства за постигнување на целта. Украсете ги вашите свеќници со добродетели. Борете се да ги отфрлите страстите. Исчистете го вашето срце од секоја нечистотија и чувајте го чисто за да дојде и да се всели во вас Господ; да ве исполни Светиот Дух со Своите Божествени дарови.
Деца мои љубени, целиот ваш труд и грижи да бидат насочени таму. Тоа да биде ваша незапирлива цел и стремеж. Кон тоа да биде насочена вашата молитва.
Секојдневно барајте Го Господ; но внатре, во вашето срце, а не некаде надвор од него. И кога ќе Го најдете, станете со страв и трепет како херувимите и серафимите, бидејќи вашето срце станало Божји престол. Но, за да Го најдете Господ, смирете се целосно, зашто Господ се гнаси од гордите, а ги љуби и посетува оние со смирено срце. Затоа и вели: „Но на кого ќе погледнам? На оној кој е со смирен дух и кој трепери од Моите зборови“.
Бдејте и молете се да не паднете во зло. Не очајувајте ако често паѓате во старите гревови. Многу од нив се јаки по природа и по навика. Меѓутоа, со тек на време и со трудољубивост, се победуваат. Ништо нека не ве фрла во безнадежност.

Поука на денот: Свети Исихиј Ерусалимски
Оној што се подвизуза во внатрешноста, секој момент треба да поседува четири дејствувања: смирение, крајно внимание, спротивставување на помислите и молитва – затоа што после спротивставувањето треба од длабочината на срцето со неискажливи воздишки да повика кон Христос. Тогаш и самиот подвижник ќе види како со обожуваното Име Исусово се развејува непријателот и неговото мечтаење (фантазија), слично на прашината или на чадот пред силата на ветерот...

„Душата не може да има мир ако не се моли за непријателите. Душата што научи да се моли од благодатта Божја, ја љуби и ја сожалува сета твар, а особено човекот, заради кого Господ пострада на Крстот, со болка во душата заради сите нас.
Господ ме научи да ги љубам непријателите. Без благодатта Божја, ние не можеме да ги љубиме, но Светиот Дух нè учи на таа љубов.
И тогаш ги сожалуваме дури и демоните, што отпаднаа од доброто, го загубија смирението и љубовта спрема Бог.
Ве молам, проверете сами. Ако некој ве нажалува, или ве бесчести, или ви одзема нешто, или ја прогонува Црквата, тогаш молете Му се на Господ, велејќи:
„Господи, сите ние сме Твое создание. Помилуј ги слугите Твои и обрати ги кон покајание”, и тогаш во душата ќе имаш благодат.
Најнапред принуди го своето срце да ги љуби непријателите. И Господ гледајќи ја твојата добра желба, ќе ти помага во сè, и ќе се научиш преку опит. А оној што мисли лошо за непријателите, ја нема љубовта Божја, и не Го познава Бог.
Ако се молиш за непријателите, тогаш ќе имаш мир. А ако ги љубиш непријателите, тогаш знај дека голема благодат Божја живее во тебе.
Уште не може да се зборува за совршената љубов, но тоа е доволно за спасение.
Ако ги напаѓаш своите непријатели, тоа значи дека лошиот дух живее во тебе, и ги вметнува лошите помисли во твоето срце, оти, како што рече Господ, од срцето излегуваат лоши или добри помисли.
Добриот човек вака размислува:
секој кој отпаднал од вистината, загинува, и затоа го сожалувам. А оној што не е научен на љубовта преку Светиот Дух, конечно нема да се моли за непријателите.
Оној што е научен на љубовта од Светиот Дух, цел живот тагува заради луѓето што не се спасуваат.
И пролева многу солзи за народот, и благодатта Божја му дава сила да ги љуби непријателите.
Ако немаш љубов, тогаш барем не ги напаѓај и не ги проколнувај. И тоа е веќе добро. Во оној кој проколнува и се кара, живее лошиот дух. И ако не се покае, тогаш по смртта ќе отиде таму каде што пребиваат лошите духови. Господ нека ја избави секоја душа од таквата беда.
Разберете! Тоа е толку едноставно. Ги сожалувам луѓето што не Го знаат Бог, или Му се противат.
Срцето ме боли за нив. И од очите се леат солзи. Ние знаеме и што е рај, и што е пекол: тоа го познавме преку Светиот Дух. Ете и Господ има кажано: „Царството Божјо е внатре во вас” (Лука 17, 21).
Така, уште тука почнува вечниот живот. И вечната мака исто така.
Заради гордоста се губи Божјата благодат, а заедно со неа и љубовта спрема Бог и смелоста во молитвата. И тогаш душата се мачи од лошите помисли, и не разбира дека треба да се смири и да ги љуби непријателите, бидејќи поинаку не е можно да Му се угоди на Бог.
Ти велиш: „Непријателот ја прогонува нашата Света Црква.
Па како да го љубам?”
А јас на тоа ќе ти одговорам:
„Твојата бедна душа не Го познала Бог.
Не познала колку многу Он нè љуби, и колку желно чека да се покајат сите луѓе и да се спасат.
Господ е љубов, и го даде Светиот Дух на земјата, Кој ја учи душата да ги љуби непријателите и да се моли за нив и тие да се спасат.
Ете, тоа е љубов.
А ако ги судиш според делата, тогаш тие заслужуваат казна”.
Слава Му на Господа што Он нè љуби толку многу и ни ги простува гревовите, и што ни ги открива Своите тајни преку Светиот Дух.“
Свети Силуан Атонски

190. Преку кои знаци луѓето можеле да го познаат Рождеството на Божјиот Син?
По Божјо провидение биле дадени многубројни знаци според кои луѓето можеле да го познаат родениот Спасител – тоа се многу точни претскажувања за разни околности околу Христовото Рождество и Неговиот земен живот. На пример, пророкот Исаија претскажал дека Спасителот ќе се роди од девица (Ис. 7, 14). Пророхот Михеј претскажал дека Спасителот ќе се роди во Витлеем, и тоа претскажување Јудеите го разбирале токму така уште пред да разберат за самиот настан на Христовото Рождество. (Мт. 2, 4-6).

Онаму, каде богољубието налага да се ставиш во служба на ближниот, на сите да им станеш се`, се раѓа Епископот... Епископ светлоносен кој го растерува мракот на страстите и те води по патот на Љубовта...
Честито годишнина од хиротонијата во чин Епископ, возљубен Владико Свет!
Да сте ни здрав и жив, и уште долго да нè водите
по Христовиот пат!
На многаја лета! ♥️