TVIT9

ЗА ПРОФАНАЦИЈАТА НА ЉУБОВТА


           После зборот слобода, веројатно ниеден збор не е подложен на такви шпекулации, извртувања, и софистичка ПРОСТИТУЦИЈА, како зборот љубов. Ако зборот слобода беше неопходен во популистички облик, за да се скршат структурата на општеството и моралните норми, тогаш зборот љубов во неговата современа, либерална интерпретација почнува да служи за оправдување на секакви изопачувања, почнувајќи од теолошки и завршувајќи со сексуални.
Во рускиот јазик зборот љубов не е диференциран и затоа семантички не е унифициран. Во тој збор можно е да се положат неадекватни сфаќања, уште и противречни едни со други, што често им даваше можност на либералите, како во мантии така и без мантии, да влегуваат во расправа за тоа дека љубовта е над сѐ, криејќи со предумисла, што подразбираат под љубов.
            Теозофите ја покренаа својата идеја разорна за христијанството, која дојде по вкус на декадентната интелигенција дека: Вистината е поголема од религијата, т.е. поголема од христијанството. А сега новите гностици и манихејци велат: Љубовта е поголема од моралот и пред нејзината величина мора да исчезнат сите морални сфаќања, налик на пелените, кои не му се веќе потребни на пораснатото дете.
            Современите ПРОСТИТУТКИ на љубовта доаѓаат до таква бесрамност, што луѓето, кои се придржуваат цврсто до традиционалниот морал, поради тоа ги нарекуваат фарисеи или примитивци, кои не сакаат да излезат од мрачното средновековие, во светлината на слободата.
           Во тој словесен сатански сабат се вклучија и модернистите во теологијата. Тие изјавуваат: Ако љубовта е над сѐ, тогаш тоа значи и ПОВЕЌЕ од догматите, затоа треба да се ОТФРЛАТ догматите, кои пречат љубовта да се пројави во сета нејзина полнота, да се прекршат како Кинески ѕид, кој меѓу конфесиите стои во текот на многу векови, а човештвото да се слее во едно семејство.
           Во позадина на катастрофалната загуба на морал, кога блудот и хомосексуализмот се оправдуваат со љубов, настанува религиозниот БЛУД, каде под изговорот на љубовта се руши Православието, а за возврат, религиозно-теозофскиот хаос дополнително го стимулира моралниот пад. Православното учење за единството во вистината, декадентите во религијата се обидуваат да го заминат со единство без вистина.
Тие велат: Вистината е поголема од религијата, а љубовта поголема од вистината. Секоја поделба е грев против љубовта, затоа соединува сѐ.
           Човекот за земна татковина ја има земјата каде се родил и пораснал, води свое потекло, со историја на земјата и народот; тој ја има за своја духовна татковина Црквата, во која примил Крштение, и го има родословот на Православието, кој води почеток од Христа. Отфрлајќи ја традицијата, човекот талка во својата земја; преку уништување на црковното предание човекот ја губи небесната татковина; тој станува унијат на сите конфесии и религии, а по смртта, во вечноста странец што нема кров над главата.
            Мешањето на лагата со вистината ја претвора вистината во лага. Полувистината – тоа е најотровниот хибрид. Во исто време, љубовта без вистина и морал, се претвора во страст и станува блато што скапува.
Фалсификаторите на љубовта велат: Исполнете ја душата со љубов, и не мислете за било што, како душата да е чаша од која лесно може да се одлее некаква течност и да се налее друга. Би ги прашале тие фалсификатори каде го ставаат христијанскиот аскетизам, суровата борба со гревот во срцето, кога човек ги корне страстите од душата како да пролева крв, кога е потребно огромно внимание од соблазните што го окружуваат, кога е неопходно огромно смирение на душата пред Бога? Откријте ни ја тајната за тоа, како така брзо и едноставно завршивте со првородниот грев?
        Господа фалсификатори! Вие говорите за љубовта толку едноставно, како во вас да нема страсти, што го окупирале вашето сопствено срце. Вие заборавивте на ѓаволот, кој постојано ве влече за нос, вие заборавивте на него; се скрил под вашата одежда и не го гледате гревот, бидејќи живеете во него.  
          Ги соединивте во еден род човекот и мајмунот, како потомок со предок, а сега ја соединувате љубовта со блудот. Вие сте родени соединувачи на сè со секого, секој со секого. Кога би ви дале власт, тогаш би подготвиле средба за соединување на Ангелите со демоните. Понатаму нема да говорам...
..       .Вистината е чувар на љубовта, без неа, љубовта станува блудница.


Архимандрит Рафаил Карелин

 

 30 јануари 2023 лето Господово

 

фб профил на Јаков Илкоски