TViTer666

 Свети Силуан Атонски
Слава Му на Господа и на Неговото милосрдие. Он толку многу нe возљуби, што ни Го даде Светиот Дух, кој нe учи на сe она што е добро и ни дава сила да го победуваме гревот. Господ заради големото Свое милосрдие, ни ја дава благодатта, и ние сме должни цврсто да ја чуваме, за да не ја загубиме. Оти без благодатта, човекот е духовно слеп. Слеп е оној, што го собира богатството во овој свет. Тоа значи дека неговата душа не Го знае Светиот Дух, не знае колку е Он сладок, и затоа е поробена од земното. А кој ја позна сладоста на Светиот Дух, тој знае дека таа не може да се спореди со ништо. И не може повеќе да биде поробен од ништо на земјата, но поробен е само од љубовта Господова. И тој е спокоен во Бога, и се радува, и плаче за луѓето, што не Го познале Господа, и ги сожалува.


Свети Теолипт Филаделфиски
Бегањето од светот кон Христа дава прибежиште. Свет, пак, ја нарекувам љубовта кон сетилните нешта и кон телото. Оној којшто со разбирање на Вистината се отуѓил од тоа станува Христов посвоеник кој ја умножува љубовта Негова, со која ја отфрла севкупноста на овој свет и го купува „скапоцениот бисер“ – Христа.


 Свети Силуан Атонски
Малкумина ја знаат тајната на послушанието. Оној што е послушен голем е пред Бога. Тој Го подражава Христа, Кој во Себеси ни го даде образот на послушанието. Послушната душа ја љуби Господ. И го дава Својот мир. Тогаш сe е добро и таа чувствува љубов спрема сите. Оној што е послушен, сета своја надеж ја полага на Бога, и затоа неговата душа секогаш е во Бога и Господ му ја дава Својата благодат. Таа благодат ја учи душата на секое добро и ? дава сила да пребива во него. Послушниот го гледа злото, но тоа не се допира до неговата душа, бидејќи со него е благодатта на Светиот Дух која што го чува од секаков грев и тој е мирен и лесно Му се моли на Бога. Душата на послушниот ја љуби Светиот Дух и затоа тој многу брзо ќе Го познае Господа и ќе го добие дарот на срдечната молитва.


 Авва Исаија
"Ако го ослободиш умот од секаква надеж во нештата од видливиот свет, тоа значи дека гревот умрел во тебе. Ако умот се ослободи, тргната е преградата што стоела меѓу него и Бог."

TViTer669

пп

 

 

Декември 2022 лето Господово