TViTer234


"Депресијата е комбинација од (по)мисли. Човек комбинира едно, па друго, па трето и ете. Размислува, тоа ќе биде, ова ќе биде, а всушност ништо нема да биде. Само усложнува и сам си го расипува расположението и после некој друг му е виновен што е тој нерасположен (му го расипале денот). Поминал некој и му го расипал расположението. А, нема "некој", туку сам човек си прави и си расипува.

Секој си носи своја тежина, свое бреме. Ќе отидеш дури и кај свој ближен од мајка роден, но си нешто нерасположен, ништо не ти оди од рака, и така тоа нерасположение го внесуваш в куќи, кај твоите најблиски и така, и ним ќе им го расипеш расположението. На своите најближни (тоа твое нераспложение) им го пренесуваш. А, самиот си виновен што себе си и на сите наоколу си им го расипал расположението.

Ти си таков бидејќи твоите мисли зрачат низ тебе, таа надојдена мисловна сила сите ја прифаќаат, сите го прифаќаат тоа што ти го носиш, затоа потоа луѓето зборуваат, подобро ќе беше да не ми влезеше дома, како жар да ми внесе и ми ја запали куќата. - Никогаш расположен - никогаш мирен. Затоа своите невољи не ги носи со себе. А, како да ги запреме лошите мисли? Подобро е да потпевнуваме во себе отколку да се жалиме. Пеј. Затоа народот рекол: Кој пее, зло не мисли". - отец Тадеј

 

 Избор од фб профил на Горан Стојчевски

01.05.2022 лето Господово