1.

 

Старац Василије Гондикакис

        Неки монаси у једној обитељи су били занети мишљу да су због многобројних постова и дугих богослужења, надмашили друге монахе по врлинама. Но, духовни отац је о њима рекао следеће: ,,Не казујте ми колико они посте, или колико сати им траје молитва. Нешто ме друго и интересује. Има ли иједног међу њима, чак и међу најнапреднијим, који може да разуме уморни људски род нашег доба, који може да утеши оне који пате?"
      Има ли некога ко може да ослободи оне који су упали у канџе непријатеља? Ако постоји макар један, који може да пружи утеху брату, који може да му омогући да заволи живот, да се радује и буде Богу захвалан, то ће показати да је тај монах духовно напредовао."
Оно што осећаш када си са истинским подвижником јесте слобода од светских ствари, величанственост смиреноумља, и блискост са логиком Долазећег века.

 ++++

2.

фб Anita Gibson
·
Трамп и објави војна на Венецуела! 💥💥💥
Америка, петро-доларот и патот кон глобален судир
Се' е во нафтата. Целиот современ свет, сите сојузи и предавства, сите војни и сите империјални амбиции – сè се врти околу црното злато.


          По Втората светска војна, Вашингтон склучи таен пакт со Саудиска Арабија: ние ќе ве чуваме, вие ќе продавате нафта исклучиво во долари. Така почна да се ткае системот што подоцна ќе стане познат како петро-долар. А кога во 1973 година САД го напуштија златниот стандард, токму нафтата стана новата потпора на американската валута.
Од тој момент, секоја држава што сакаше енергија мораше прво да се снабди со долари. Тоа не беше само економски аранжман – тоа беше темелот на американската глобална доминација. Додека постоеше петро-доларот, постоеше и илузијата за непобедливата Америка.
Но денес, таа илузија се распаѓа. Саудија и Кина склучуваат договори во јуани, Русија продава во рубљи, а БРИКС гради сопствена финансиска архитектура. Петро-доларот, кој половина век беше оружје посилно од секоја бомба, денес ја губи својата магија.
        И 💣 Америка е на прагот на нова војна.... овој пат Венецуела.
Секој нов фронт е обид да се одбрани не демократијата, туку валутата.
Не слободата, туку системот...во распад.
Но првин да прочешламе како и од каде дојде Венецуела на ред...
Израел и распадот на старите сојузи
       Американската надворешна политика долго време се темелеше на еден тивок, непишан закон: чувај ја рамнотежата на Блискиот Исток по секоја цена.
Од времето на Рузвелт па наваму, сите претседатели – демократ или републиканец – знаеја дека токму овде, во песоците на Арабија и околу Заливот, лежи вистинската артерија на американската империја.
      Нафтата течеше, доларот беше валутата на трговијата, и системот изгледаше непробоен. Саудиска Арабија беше чуварот на договорот, Катар ја даваше инфраструктурата за бази, Кувајт и Емиратите беа сигурни партнери. Сите тие земји беа темели на конструкцијата што ја држеше Америка исправена.
     Но токму во моментот кога Америка најмногу зависи од таа стабилност, нејзиниот најблизок сојузник – Израел – почна да ја поткопува. Политиката на Бенјамин Нетанјаху не е стратегија на долгорочна рамнотежа, туку политика на постојана ескалација. Под превезот на „безбедност“ и „опстанок“, Тел Авив води агресивна игра во која секој сосед е потенцијална цел: Јемен, Сирија, Либан, па дури и Катар.
        Кога израелските удари ја погодија територијата на Катар – земја со која Америка има критично важни аранжмани за бази и логистика – тоа не беше само уште еден инцидент. Тоа беше директен удар врз самата архитектура што ја градеа генерации американски дипломати и стратези. Тоа беше сигнал дека Израел има своја агенда, често спротивна на американската.
Нетанјаху зборува во име на „религијата“ и „цивилизациската борба“, но резултатите се крајно конкретни: кршење на довербата меѓу ОПЕК партнери, загрозување на алијансите што ја држеа цената на нафтата стабилна и директно поткопување на позицијата на доларот.
         Иронијата е очигледна: додека Вашингтон се обидува да ја одбрани доминацијата на петро-доларот, токму Израел – државата што добива најголема американска помош – го забрзува неговиот крај.


     ⸻
     Венецуела – последната голема нафтена надеж
Латинска Америка отсекогаш беше гледана од Вашингтон како „заден двор“. Уште од времето на Монроевата доктрина, САД се сметаа себеси за чувари на целиот континент. Воените интервенции во Куба, Гренада, Панама, Чиле – сите тие беа дел од истата логика: ништо во Јужна и Централна Америка не смее да излезе од американска контрола.
И токму таму лежи Венецуела – држава со најголемите докажани резерви на нафта во светот. Поголеми дури и од Саудиска Арабија. За секој што ја разбира логиката на петро-доларот, Венецуела е клучот што може да го спаси или да го урне целиот систем.
Во текот на XX век, американските компании слободно експлоатираа венецуелска нафта.
Но со појавата на Уго Чавез, а потоа и со Николас Мадуро, таа врска беше прекината. Каракас ја сврте трговијата кон Русија, Кина и Иран – кон истите оние сили што градат свет надвор од доларот.
Затоа официјалната реторика – „диктатор, човекови права, демократија“– е само завеса. Вистинската цел е повторна контрола врз нафтените полиња и нивно враќање во орбитата на доларот.
Доказите се јасни. САД распишаа потерница од 100 милиони долари за главата на Мадуро и неговите генерали. Американската морнарица веќе патролира во Карибите. Базите во Порторико и Виекес повторно се активираат.
Вашингтон ја гледа Венецуела како последната голема нафтена награда. Ако успее да ја врати под своја контрола, тоа барем привремено ќе го спаси петро-доларот. Во спротивно, системот ќе се распадне уште побрзо.


     ⸻
     Иран – следната дестинација?
Ако Венецуела е плен, Иран е крстопат. Израел одамна ја турка Америка кон директен судир со Техеран, а Вашингтон повторно се подготвува за сценарио што може да ја запали целата планета.
Но Иран не е Ирак во 2003. Тоа е држава со 90 милиони луѓе, вооружена со ракети, дронови и поддржана од Русија и Кина. Членка на БРИКС, со врски со Москва и Пекинг, Техеран е дел од новата светска архитектура.
Американските бази во Катар се клучни за секој можен напад – и токму затоа израелските удари таму беа толку безумни.... бар за Америка. За време на краткиот 12-дневен судир, израелски офицери буквално маршираа во Пентагон, давајќи наредби и потполно потвенувајќи го американски персонал. Таа сцена откри сè: дека САД повеќе не ја водат својата политика, туку се водени.
Иран на големо се спрема да возврати.
Еден удар може да значи регионална војна.
Два – глобален пожар.


     ⸻
     Украина, Јапонија и новата војна на два фронта
Додека Блискиот Исток е на самиот раб, Вашингтон го отвора и вториот фронт – истовремено против Русија и Кина. Зеленски денес добива „Томахавк“ ракети со дострел од 1.500 километри. Истите системи САД ги испорачуваат и на Јапонија, Тајван и Јужна Кореја.
Стратегијата е јасна: да се прободат Москва и Пекинг во исто време, и покрај огромниот и реален ризик од нуклеарна ескалација.
Но Америка не е империјата од 1991, која триумфираше без конкуренција. Денес е ослабена, поделена, а пред себе има двајца јаки ривали – Русија и Кина, со многу ,,воени играчки" како што ги опишува Крис Сандерс.


     ⸻
     На раб на глобален пожар
Часовникот чука. Америка брка плен во Венецуела под изговор дека објавува војна на картели, провоцира конфликт со Иран, го вооружува Зеленски за удари врз Москва и го влече Пацификот кон судир со Кина.
Каде не' води сето ова?
Сè укажува на една сурова насока: светот влегува во ера на судир меѓу старото и новото. Старото е Америка и нејзиниот петро-долар, кој се брани со војни и уцени. Новото е мултиполарниот свет, каде нафтата, валутите и моќта повеќе не се монопол на една империја.
Прашањето е дали овој судир ќе заврши – со нова рамнотежа на сили – или со апокалипса, со светска војна што ќе го изгори самиот темел на цивилизацијата..

..
https://time.com/.../trump-drug-cartels-war-armed...
Trump Tells Congress U.S. Is at War With Cartels: What That Means

 

 ++++

3.

 HRISTOS.PATOT

          „ Христос влезе во Ерусалим на магаренце – со смирение и љубов. Можеше да го освои и ослободи градот, но избра да ги освои срцата човечки.
Денес армии влегуваат во градовите – Русија во Украина, Израел во Газа и многу други – не со љубов, туку со оружје и страв.
Наместо радост оставаат солзи, наместо живот – смрт.

        Патот на Христос е пат на мирот.
        Патот на човекот без Бога е пат на уништување.“

 

 

 

4ти октомври 2025 лето Господово