SGrandakovska.jpgНаучната студија се осврнува на постоењето на женското сестринство во црквата Богородица Болничка во 14 век во Охрид, врз основа на транскрипција на историски документ на грчки јазик, од една страна, и од друга, постоењето на оваа женска монашка заедница ја разгледува во врска со иконографските податоци од ктиторската претстава во црквата св. Константин и Елена во Охрид, на Марија презвитера која е претставена како монахиња, мајка на големиот духовник во Охрид, еромонахот Партениј.


Оваа студија, за првпат во научната јавност, ги обелоденува не само имињата на монахињите туку и нивната социјална и духовна активност, како и подароците кои тие ги дале за обновата на Свети Климентовата црква во Охрид. Постоењето на конкретната женската монашка заедница во 14 век во Македонија укажува на постоењето на силната православна духовна традиција, како и на јасната маркирана позиција на монашкиот дискурс во духовното, социјалното и историското живеење, кој својот континуитет видливо го антиципира до ден денешен, во постоењето на современото женско монаштво во Македонија.


Текстот своето истражување го постулира врз методологијата на семиотиката, чијшто научен апрат ги обединува интермедијалите релации од истражувањето, во контекст на придобивки од неколку науки: книжевност, визуелна уметност, историографија, теологија, социо-култура и духовно наследство. Притоа, постулираната теза: монаштвото како текст, добива научно оправдување.


Оваа научна студија за првпат е презентирана во 2004 година на третиот Меѓународен Научен Симпозиум посветен на Деновите на св. Цар Константин и царица Елена во Ниш, а објавен на англиски јазик во Зборникот научни трудови III, во 2005 г. Во подготовка е објавувањето на овој труд во проширен и дополнет облик, за првпат на македонски јазик.


Јас се заблагодарувам на Премин-портал за покажаниот интерес да го претстави англискиот облик и срдечно го предавам текстот на неговата понатамошна антиципација пред пошироката јавност.
 
acroread.png
MONASTIC ATMOSPHERE IN THE CHURCH OF ST. CONSTANTINE AND HELENA IN OHRID
(Aspects of intemediality of the icon painting and literary forms)

 

Посети: {moshits}