ТЕМПЛУМ ЈА ДОДЕЛИ НАГРАДАТА "НОВИТЕ"


Пријавена под псевдонимот Галијана Маркова, средновечна монахиња која одлучи да остане анонимна е годинашен добитник на наградата за најдобар дебитантски ракопис на "Темплум"


Монахињата со псевдоним Галијана Маркова и делото "Полигони" е годинашен добитник на наградата "Новите" за најдобар дебитантски ракопис на книгоиздателството "Темплум".

По минатогодишниот добитник Алекс Букарски, годинава најверојатно нема да дознаеме кој се крие зад псевдонимот Галијана Петрова. Таа е монахиња и одучила воопшто да не привлекува публицитет со добивањето на оваа награда. Вчера на доделувањето на признанието, во Културниот центар "Точка", монахињата ја испрати, како што се претстави, нејзиниот организатор за проекти. Наградата ја врачи претставник од Комерцијална банка.

Никола Гелевски, директорот на Темплум, во обрзложението за наградата вели дека Галијана Маркова е мошне артикулиран и комплексен автор кој владее со различни книжевни регистри.

- Личноста која стои зад Галијана Маркова е монахиња. Чувствувам потреба тоа да го соопштам зашто мислам дека и литературата е своевидно монаштво или барем обид за себезатворање, а со цел да се откријат некои сосема други светови, во себе и отаде себе. Маркова не е случаен автор паднат во поетска екстазаа или допрен од Бога. Таа повеќе наликува на нуркач по бисери (во оние ситуации кога ги отфрла батискафите и скафандерите), на некој што напорно работи за можеби да добие само шака кал... Со тоа Маркова можеби ја потврдува насетената (но кај нас никогаш доволно прифатената!) вистина дека само оној писател што е спремен на ризичното лишување од воздух - може да замине подалеку и подлабоко, додава Гелевски.

Годинава пристигнале 14 прозни дебитантски ракописи. Одлучуваше жирито во состав: Никола Гелевски, Владимир Јанковски, Роберт Алаѓозовски, Искра Гешоска и Бранко Прља.

(А.Ј.)- Вечер



 „Полигони“ добитник на наградата за дебитант на „Темплум“

 

„Полигони“ (како некакви мали вежбалишта) е збирка прозни и поетски записи на Галијана Маркова

НЕВЕНА ПОПОВСКА-Утрински весник

„Полигони“ (како некакви мали вежбалишта“ е наслов на збирката прозни (плус неколку поетски, а вкупно ги има 79 на број) записи на Галијана Маркова е годинешен добитник на наградата „Новите“ што „Темплум“ ја доделува веќе втора година. Наградата ја доделува жири-комисијата во состав: Никола Гелевски, Владимир Јанковски, Роберт Алаѓозовски, Искра Гешоска и Бранко Прља. Во образложението на комисијата меѓу другото се вели: „ Станува збор за рефлексивна проза (не баш типична за македонската книжевност), или за одреден тип на фрагментаризирано раскажување, толку карактеристично за постмодернистичките стратегии. Но, „рефлексивноста“ на Маркова не е некакво исклучиво филозофско, интелектуално, „суво“ промислување на (мета)физичката (не)стварност околу нас, туку таа рефлексивност е длабоко проникната ем во поетското ем во драмското чувствување на светот. Во случајот на Галијана Маркова, станува збор за мошне артикулиран и комплексен автор кој владее со различни книжевни регистри. Маркова не е случаен автор паднат во „поетска екстаза“ или „допрен од бога“. Таа повеќе наликува на нуркач по бисери (во оние ситуации кога ги отфрла батискафите и скафандерите), на некој што напорно работи за можеби да добие само шака кал...Со тоа Маркова можеби ја потврдува насетената (но кај нас никогаш доволно прифатената!) вистина дека само оној писател што е спремен на ризичното личување од воздух-може да замине подалеку и подлабоко.“

„Личноста која стои зад Галијана Маркова е монахиња“, рече Никола Гелевски, кој појасни дека ова го соопштува пред се поради тоа што смета дека и литературата е своевидно монаштво или барем обид за себезатворање, а со цел да се откријат некои сосема други светови, во себе и отаде себе.

На годинашниот конкурс на „Темплум“ за најдобар дебитантски ракопис „Новите!“ пристигнале вкупно 14 ракописи. Жири-комисијата одржала четири работни состаноци и во најтесен избор за наградата влегле пет ракописи, еден роман и четири збирки раскази: „Светлите души на мојот Истанбул“ Фил Торта, „Сладолед“ од Жанета Станоевска, „Раскази“ од Дозгулпмудс Доз, „Писателот Варски и други раскази“ од Душко Гошевски и „Полигони“ од Галијана Маркова.

Наградата се состои од печатење на најдобриот ракопис и паричен износ од 1000 евра, за кој спонзор е „Комерцијална банка“ АД-Скопје.
 




  Книга што ги возбудува книжевните кругови (02.03.2008)


Книгата „Полигони“ ,потпишана со псевдонимот Галијана Маркова, која ја понесе наградата за најдобра дебитантска прозна книга на издавачката куќа „Темплум“, за два месеца од објавувањето доживеа мал читателски бум, велат од издавачката куќа „Темплум“. Книгата, зад која стои сестра Макрина, игуменија на беровскиот манастир „Св. Архангел Михаил“, одлично се продава во книжарниците и е четиво што во моментов е неодминлив дел од разговорите во книжевните кругови. - Сметам дека оваа книга ќе остави траен белег во македонската прозна традиција - вели Владимир Јанковски од „Темплум“. Според него, фактот што книгата ја доби наградата „Новите“ и го овозможи првичниот публицитет бидејќи тоа што е медиумски експонирано тоа и привлекува повеќе читатели. - Интересна е ситуацијата со „Полигони“ бидејќи авторката е монахиња и живее во изолација. Таа дури и не дојде на доделувањето на наградата. Со тоа придонесе книгата да ја следи одредена доза нејасност и мистичност, што е особено тешко во едно вакво мало општество во кое сите се познаваат - коментира Јанковски. „Полигони“ е збирка од 79 прозни и од неколку поетски записи. Иако Галијана Маркова е измислена личност, нејзините записи не се измислени. „Всушност, толку прецизно се замислени и осмислени што, во целата нивна божемна измисленост, како да добиваат свој посебен живот. Како што и самата Галијана постои исклучително низ сопствените записи. Та така нејзината тетовирана кожа ја изнесуваме на пазар со намера да се вмрежат врежувањата...“, забележуваат издавачите. Критиката оцени дека Маркова не е случаен автор паднат во „поетска екстаза“ или „допрен од бога“. „Маркова повеќе личи на нуркач по бисери (во оние ситуации кога ги отфрла батискафите и скафандерите), на некој што напорно работи за, можеби, да добие само грст кал... Со тоа Маркова, можеби, ја потврдува насетената (но, кај нас никогаш не доволно прифатената!) вистина дека само оној писател што е подготвен на ризичното лишување од воздух - може да замине подалеку и подлабоко“, оценија критичарите.

И. В.

 

 

Време, број 1304, 01.03.2008

 

Посети: {moshits}