Книгоиздателството "Македонска реч" од Скопје неодамна ја објави книгата на проф. д-р Добрила Миловска "Ракописната традиција во македонските цркви и манастири".

Во книгата, која е означена како прва, се претставени девет манастири во кои било создадено големо културно наследство - "Св. Јован Бигорски", Лесновскиот "Св. Архангел Михаил", Марковиот "Св. Димитар", "Св. Прохор Пчињски", "Св. Јоаким Осоговски", "Трескавец", "Зрзе", "Св. Пантелејмон" и Слепченскиот манастир "Св. Јован Претеча".

Освен куси податоци за истори­ја­тот на нивното настанување, за нивните градители и возобновители, во книгата се даваат податоци за рако­пи­сите и за нивните творци, односно за посветеноста и истрај­нос­та на пишувачите, но и на нивната преда­де­ност на писменоста и на христијанската вера.

Извор:Вечер