НЕМА СМРТ

Кога ќе умрам, деца, запалете свеќа,
Но јас ни во смртта мртов нема да бидам.
Не се плашам од смртта нити од гробната темнитемнина,
Да умрам не можам, - Христос умре за мене.
Од вашиот поглед смртта ќе ме скрие
Но смртта нема моќ мене да ме умртви.

Долгот еднаш се плаќа, Христос плати за мене,
Не се плашам од смртта нити од гробната темнина.
Бесмртниот Христос бесмртен ме направи
И вечниот Отец покрај Себе ме восини.
Јас да умрам не можам И кога би сакал,
Од смртта Христос навек ме избави.

Верувајте во животот, тоа нека е залог,
Смртта И животот никогаш не биле браќа.
И љубете го Христа – тоа е Нов завет,
Тоа е Неговиот аманет, И од мене совет.
Верата коровот го коси, љубовта ружи сее,
Двоен клуч од Рајот во нив се крие.

Христос Благиот од гревот ќе ме разреши
Простете ми и вие што ви погрешив.
Сакам да бидете сите од мене подобри
Да живеете во с# по Божјата волја.
- Кога јас ќе умрам, деца, запалете свеќа,
Но јас ни во смртта мртов нема да бидам.

Владика Николај Велимировиќ

Душа

Ѕвездите се колебаат на брегот на вселената како мали кајчиња на бурно море. Во кајчињата души се возат, довезуваат, души - душици, очи - очиња.
И кајчето гледа кајче, бидејќи душата гледа душа.
И кајчето слуша кајче, бидејќи душата слуша душа.
И кајчето се движи со душата, бидејќи само душата знае да се движи.
И кајчето зборува со душата, бидејќи само душата знае да зборува.
Додека душата на душа и е тајна, се гледаат и се чудат, се прашуваат и се будат. Кога превезот на тајната ќе се открие, душата ќе ја познае душата, бидејќи ја најде во себе.
А кога ќе се познаат, една и друга во стадото, како Кастор и Полукс, гледаат дека се едно, па и трета набљудуваат. Кога ќе ја познаат третата, трите во четврта гледаат, четирите во петта.
Овцата шепоти страшливо пред ежот, ежот се ежи пред овцата. Тоа е стравот на душата пред непозната душа. А кога ќе се здружат две непознати души, една покрај друга пасат, со досада една од друга, и исчекувајќи трета.
На кого би ветрел ветрот, ако нема души? Душата на душа ветри.
На кој месечината би светела, ако нема души? Душата на душа свети.
На кој кринот би мирисал, ако нема души? Не би ни мирисал. Душата на душа и мириса.
На кој медот би сладел, ако нема души? Не би ни сладел. Душата на душа и слади.
На кој железото ќе му беше ладно, ако нема души? Не би ни било ладно. Душата на душа и лади.
Господе спаси ги сите души! Види, сите страдаат, една заради правда, друга заради направда; една од незнаење, друга од знаење.
Нека во шумот на Твоето име се слеат сите души, сите мали пламенчиња во пожарен пламен пред престолот на Твојата светиња.

Подготви: Михаила Поповска

Ве поздравувам со љубов, и радост Воскресна
Христос Воскресе, навистина Воскресе!