19042009

Во чест на Светиот Дух


Кога ме обзема занес до солзи
И ми навира порив да пеам и опевам
Ти си таму, ти си тука
Кога мирис на липа, багрем и јоргован
Го преплавува градот
А мене ме потсетува на лилјаче и кралчиче
И ме враќа Дома, во детството
Ти си таму, ти си тука
Кога ме буди првиот сончев зрак
И ме смирува последниот  
Пред да огрее Луната, ни на небо, ни на земја
Ти си таму, ти си тука
Кога ме влече дното долу
Во длабините на морето
Во куќата на стравот полна убави чуда
Ти си таму, ти си тука
Кога ме штрекнува бол остра
на зборови со безброј острици
и една безмерна тага со примеси на очај
на типичен Македонопат
Ти си таму, ти си тука
Кога на сред животот почнувам да се молам
А верата ми се враќа без да сетам кога
Ти си таму, ти си тука
Кога се губи разликата меѓу почетокот и крајот
Меѓу животот и смртта
Ти си таму, ти си тука
Кога два океана постојат еден до друг
Без да се слеат еден во друг
Без да ја избришат границата
Онаа линија на слободата
да бидеш заедно, а сепак одделно
Ти си таму, ти си тука
Загатка без одгатка
Светкаш како веда, тивко, но јасно  
Совршено, но не свршено
Ти си Онде, ти си Овде
Толку неовдешен, толку овдешен!

 

Избород фб профил на

Katica Kulavkova

 Јуни 2021 лето Господово

 TVITER39

пп