38.machenici1

Архимед за мојата Мајка:
немаме многу време
но имаме вечност
❤️
Ако Земјата е топка
И мајка истовремено
Ако е божја честица
Со опција да се залинка во пекол
На места огреана од сонце
На места окна кои блујат магма
Ако земјата се врти околу својата оска
И за тоа не добива оскар
Дали ја вртат безбројните стопала на
Бегалците што трчаат по неа?
Дали некој Архимед будно кругови црта
Чувајќи стража некој од пребеганите
Да не му го наруши кругот?
Ако земјата е топка
Зошто никој не им каже
дека залудно кругови вртат,
тркалото кога тогаш
во истата точка ќе ги врати
залудно ноќни стражи,
залудно хималаи и хаваи
почетокот во еден миг
се враќа кај Адонаи
(На сите бегалци родени на Бадник и
На мајка ми Деспина, родена на денешен ден пред 78 години
...цел живот сонувам како си одам од дома со брод, што ги носи скитачите на Запад (Рундек...) и цел живот вежбам, ако дојдам во ситуација да морам да бегам, да не носам куфер со себе, туку само основните работи, што се на мене – телото и духот... Душата ќе ја престорам во птица-пасош и со неа ќе ги надлетам сите граници...)

 

 Избор од фб профил на

Budimka Popovska