3.angeli.so.truba

Ирскиот писател Џорџ Бернард Шо се смета за еден од највлијателните книжевници на своето време. Преку пишаниот збор тој остави големо наследство, а дел од неговите мудри мисли ги пренесуваме во продoлжение.

    Ако некогаш, трчајќи по среќата, ја најдете попатно, вие ќе бидете како онаа старица што си ги барала очилата, ќе откриете дека среќата цело време ви била пред нос.

    Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот.
    Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме.

    Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек, тоа се нарекува суровост.

    Ако има волја има и начин.

    Ако не можете да ги промените своите мисли, не можете да промените ништо.

    Ако сакате да критикувате некого, најдобро е тоа да го сторите пред огледалото.

    Луѓето не се мудри благодарение на своето искуство, туку на своите способности да го примат истото.

    Оние кои не ја поседуваат моќта на вистинско набљудување, го нарекуваат тоа цинизам.

    Мојот начин да бидам интересен и да кажам шега е да ја кажам вистината. Тоа е најсмешната шега на светот.

    На крајот, и погрешниот пат води некаде.

    Секогаш нека ви биде правило: на вашето дете да не му дадете книга кој ни самите не сте ја прочитале.

    Не можете да научите да се лизгате, а притоа да не бидете смешни. Животниот мраз е таков, лизгав…

    Не знае ништо – а мисли дека знае сè! Очигледно ќе има кариера на политичар.

    Не е вистина дека власта ги расипува луѓето. Вистината е дека само будалите, ако стигнат до власта, можат да бидат расипани од неа.

    Никогаш немој да одолееш на искушението. Пробај сè, но држи се до она што е добро.

    Никогаш немојте да се борите со свиња. И двајцата ќе бидете валкани, ама на свињите тоа им се допаѓа.

    Оптимистите и песимистите еднакво придонесуваат во општеството. Едните земаат авион, другите падобран.

    Што ќе рече историјата? Историјата, господине ќе лаже, како и обично.

    Животот ги изедначува сите луѓе: смртта ги открива оние кои се истакнале.

    Животните се мои пријатели. А јас не ги јадам пријателите.

 

Извор:

http://hybread.mk/ako-ima-volja-ima-i-nachin-george-bernard-shaw/