КАМЕНОТ И ГРЕВОТ

Ако еден камен е за еден грев колку ли камења ќе требаат за сите гревови на еден човек а колку ли за сите луѓе на планетава и колку ли за сите оние кои поминале со своето тело по земјата од настанокот на светот до денес!?
Зарем од таков товар не би натежнала планетата и не би ли пропаднала самата во некаква космичка бездна?!
Во астрономијата има поим Црна дупка... Колку и да не можеме да ја спознаеме нејзината поимливост често пати кога сме во очајание душата ја чувствуваме како премачкана со црна боја, како празнина која има недофатна длабочина налик на замислена дупка без дно... Што може да биде една црна дупка освен нешто страшно, непознато, студено и морничаво, празно и бездушно... И замислете во тие моменти колку е кревок нашиот духовен живот (тогаш со телото како да не егзистираме зашто сме ставени во некаков раствор што не' раствора и топи како материја). Замислете како и едно мало фрлено камче во тие моменти може да не' понесе со брзина на темнината, надолу и надолу...
Се оддалечуваме од Она што беше небо, од Она што беше сонце и светлина!
Во таква црна темница може да гледа само Некој што поседува продорна светлина. Некој што самиот ѐ Продорна Светлина! Токму Тој може да нѐ види, да ги чуе таму долу нашите пригушени пискотници и плач каде душите страдаат сеуште како живи рани!
Само Тој што гледа и слуша има сила да нѐ повлече нагоре со својата волја! Да се смилува на нас по Неговата голема штедрост и по Неговата голема добрина!
На многумина не им паѓа на ум Оној што продира и во темнината... Зарем веруваат дека постои нешто друго што може да нѐ извлече од такво очајание како кога телото е сосема скрушено (скршено и оставено без чувство на допир), кога човечкиот дух е неприсутен зашто е немоќен, поразен, просто избришан од душата и умот на очајникот! Што може да нѐ спаси тогаш кога ништо за што дотогаш сме се држеле какао за наше, како наша сила, наше знаење, наше самољубие, наша гордост, наша слава, наш успех, наша радост, некое наше прифаќање на љубов, наша материјална сопственост, некој билет за посакувана дестинација, кога било што нешто наше се губи и не остава да не повлече една таква пропаднатост на духот човечки!? А духот последен останува да се бори прпелкајќи се во црната кал сѐ додека телото и душата не се разделат...
Човечкото самољубие кое е првиот и последниот бастион на стравот и тогаш не се предава. Празнината и напуштеноста ја смета како емоција на слобода (го прочитав на статусот на една позната и призната личност)!? Во тие и такви моменти повеќе од луѓето сеуште не умеат да пристапат кон самите себе односно кон Оној што продира и во најтемните црни дупки, Оној Кој е светлата точка и во него самиот, во неговата суштина.
Вратени во реалноста каква што ја посакуваме и живееме, застанати во животот меѓу своите радости, веднаш забораваме каде сме биле и што сѐ сме доживеале. Уште помалку размислуваме Кој или Што нѐ вратило назад? Неодговорно продолжуваме понатаму...
Каменот на гревот е тој што нѐ влече во црната дупка. Судењето на другите и фрлањето камења по нивните гревови само е додавка што го забрзува нашето пропаѓање. Грешни сме по тело зашто живееме во паднатиот свет. Можеби можеме многу нешта да поправиме но не можеме да одлучиме кога ќе почне срцето да чука а кога ќе престане! Истиот што го може и едното и другото е Тој што нй го слуша пригушениот плач на очајанието длабоко во темните простори. Тоа е Тој што може да ни' ги прости гревовите товарејќи ги на својот грб и Кој со леснотија може да не' крене горе до работ на црната дупка. Тој што може да не' врати вотот но и да ни' даде живот вечен! Тој, Христос, нашиот пресладок Исус!
Да го оставиме каменот на гревот пред нашите Да научиме да се поклониме за да продолжиме по патот на милоста Божја! Амин!

 

Извор: Вера СимовскаИСТОЧЕН ХОРИЗОНТ“

Скопје 2018

Книгава е посветена на православниот македонски народ,

со надеш дека срцата ќе им се отворатза да го примат ЖИВИОТ ХРИСТОС.