Mimoza1.jpg

 ПИСМО ДО ТЕТКА МИ
Зраво тета.
Не знам зошто вака ти се обраќам. Но, отсекогаш полесно ми било да ги нафрлам зборовите на хартија, отколку да ги изговорам. Тешко ми падна веста за болеста која ете тропнала на твојата врата.Плачам. Не можам ни да претпоставам што сега се вртка низ твојата глава, какви се мисли прелетуваат, та поден, та на соне. И мене сенешто ми го тишти раетот. Често ми излегуваат пред очи , оние безгрижни денови, од  детството, кога катаден бевме заедно. Тогаш кога насмевката не се тргаше од твоето лице. Вие и тогаш сигурно имавте грижи, си знам денес по мене
, но за мене тоа тогаш беше едноставно, среќа. Не се сеќавам кога на идилата и дојде крајот. Дали по најубавиот одмор кој го паметам? Оној крај езерото, под Галичица. Кога легнувавме на зајдисонце, а станувавме пред изгрејсонце. Малку пред ова првпат се соочив со материјализмот. Кога од последното летување како дете, се вратив и доживеав шок. За дунките. Оие двете, сигурно се сеќаваш, едната помала, другата поголема, во дворот позади куќата. Оние кои ме потсетуват на твоето име. На нив пораснав. Многу сакав да се качувам по нив како дете. И, еднставно ги немаше. Како да ги проголтала големата дупка ископана за темели за таму некојси дуќан. Со се сите мои спомени. Ми објаснувавте долго време со братот твој, мојот татко дека е тоа за наше добро. Дака детството ете завршува, дека ќе мора некогаш и од нешто да се живее. А, јас, тетко, и сега плачам за дунките. Не ми мирсаше на арно,а дунките опој ширеа. После одморот, најубавиот, чинам, тиквата пукна. Тогаш сударот со материјализмот беше страшен.Погубен. Ја изгубивме блискоста, лоши мисли ни го распарчуваа срцето. Ти се лутев. Признавам. С
о години. Не можев да разберам што се случи. Бетонот и тулата изѕидаа ѕид во моето срце. Мртва материја. Да ја допреш, па да почувствуваш. Сивило. И одеднаш, од секојден дружба, почнаа да минуваат и недели и месеци до повторната средба. И пак истата пречка. Од бетон и тула. А, дунките, по кои еве пак солзи ми навираат, беа бар со живот исполнети. И рает имавме во срцата. Две децении и згора дунките ги нема. Дваест години бреме од немир носиме на плеќите. Знаеш кога ми подолесна? Кога пред некоја година ти простив. Можеби, зборот простив е и претежо, кога еве јас недостојниот не можам да судам дали некој згрешил , а згора на тоа и да му простувам. Те разбрав. Посоодветно е. Но уште мир немам. Соочени со злокобната боест, ова го пишувам со само една цел. Прошка барам. Да ми простиш за се. Кога еден ден сфатив дека тука не сме вечни, ами само патници, видов дека тулите и бетонот се само пречка. Да научиш да живееш е да научиш како да умреш. Така некако, еден голем светител го дефинирал животот. Тоа го разбрав. Да знаеш дека сум со тебе. Во оваа борба, како и да заврши. Еден ден ми рече:
Крајот од нешто мора да дојде. Солзи навираат. Прости ми. Те молам.
                                                Те прегрнувам. Се молам за тебе.
                                                                                                  Твојот внук, Васко




Васко Крајчевски