Отворена изложбата „Во заштита на културното наследство”
Среда, 15 Мај 2013 14:25
Е-пошта Печати PDF

„Во заштита на културното наследство“ е насловена изложбата која, во  организација на Историскиот музеј на Царината на Азербејџан, беше отворена денеска во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам.

02_Azerbejdzan

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во своето обраќање пред присутните ја потенцираше потребата од интензивирање на соработката меѓу Република Македонија и Азербејџан на полето на културата, посебно акцентирајќи го сегментот на заштитата на културното наследство како основа за запознавање на културното живеење меѓу двете пријателски земји .
08_Azerbejdzan


03_Azerbejdzan-320 Велат дека Азербејџан е едно од ретките места на земјата каде што визуелните одрази на традиционалното и модерното ја карактеризираат сегашноста. Азербејџан е земја со длабоки корени, земја  во која древноста и археолошката мистика живеат во сегашноста, претставени преку  непроценливи културни богатства, раритетни подеднакво на своите вредности.  Токму затоа, оваа изложба, која го помина својот пат од Ватикан,  преку Советот на Европа во Стразбур, до седиштето на Организацијата на обединетите нации во Женева, и која денеска е пред македонската културна јавност, е извонредна можност да се запознаеме со културните и историските традиции кои се негуваат во оваа земја и кои се потврда за  разновидноста и  посебноста на азербејџанската култура – рече Канческа-Милевска.

На изложбата се претставени 113 уметнички примероци кои потекнуваат од I век пр.н.е. сè до ХХ век. Меѓу нив има извонредни примероци на оружје произведено на територијата на Азербејџан, Индија и Авганистан украсено со декорации во самиот метал, ткаени килими со традиционална геометриска орнаментика, традиционална облека, ракописи на Куранот од 19  век, икони од 19 и 20 век, ракописи на библии, како и бронзени фигури митолошки статуи, слики и разни други предмети. Особено вредна е збирката на музички инструменти, меѓу кои е и виолината на Страдивариус.

Изложбата е резултат на соработката меѓу Царинските управи на Република Македонија и на Азербејџан, а во наредните четири дена македонската  културна  јавност ќе има единствена можност да се запознае со културното наследство на „Капијата на ориентот“ - Азербејџан.

 04_Azerbejdzan-640

  http://www.kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/946-otvorena-izlozbata-vo-zastita-na-kulturnoto-nasledstvo