За неполни два месеца од објавувањето на шпански јазик во издание на Алфагуара од Мадрид, романот Сестрата на Зигмунд Фројд од Гоце Смилевски го доживеа и второто издание. Шпанскиот дневник Ла Вангуардиа во својата традиционална листа на десет најзначајни преводи за тековната година, го смести и романот на Смилевски. Критичарката Изабел Меланхон во освртот на Сестрата на Зигмунд Фројд, објавен на страниците на Ла Вангуардиа, пишува: Со високите естетски вредности на овој роман, македонскиот писател Гоце Смилевски стана откровение на европската литература.

Во Шпанија се појавија и низа други критички одгласи за романот Сестрата на Зигмунд Фројдд. Во шпанското издание на магазинот Есквајерр, романот е оценет како стилски и тематски моќен како најдобрите дела на Жозе Сарамаго. Во рецензијата во неделникот Ла Разонн се вели дека авторот преку ликовите, нивните размисли и животни стории, создава моќно преосмислување на лудилото и разумот, роман за животната мудростт. Алберто Мангуел, авторот на Историјата на читањетоо и на мемоарската проза Со Борхес, за неговото пријателство со Хорхе Луис Борхес, во критиката во дневниот весник Ел Паис пишува: Изграден длабоко, интелигентно, и со храбра имагинација, романот на Гоце Смилевски покажува како уметноста на фикцијата може да постави некои клучни прашања за кои историјата и другите науки не се осмелуваат да се запрашаатт.
За романот Сестрата на Зигмунд Фројдд Гоце Смилевски во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската унија. Делото се преведува на 30 јазици во светот.

13.03.2013 ВЕЧЕР