Книжевни признанија за Петрески и Тоциновски

На меѓународниот книжевен фестивал „Пријатели на книгата“, кој синоќа се отвори во Риека, авторот Христо Петрески за романот „Лифтот (не) е за давјца“ е добитник на признанието „Књижевно перо“ за најдобра книга од странски автор, а за најдобра книга есеи беше прогласена „Мост од ѕуница“ од Васил Тоциновски.
Романот „Лифтот (не) е за двајца“, според претседателот на Хрватското книжевно друштво, Валерио Орлиќ, е оригинално постмодернистичко дело во кое низ симболот (лифтот) на затвореноста и оттуѓеноста на човекот се проговорува за актуелностите и превртеноста на современоста.
 За „Мост од ѕуница“ Орлиќ истакнал дека е дело во кое компаративно се проследуваат современите и актуелни автори, книги и појави по 25 од хрватската и од македонската книжевност во кои се преплетуваат одредени пораки од столетните хрватско-македонски книжевни и културни врски.

Извор:Инфо