Kniz_zezdi_1

Скопје, 29 јули 2012 (МИА) - Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска беа промовирани првите 55 изданија од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“, проект кој се реализира во четири буџетски години, а опфаќа издавање и печатење 560 литературни дела од сите жанрови.

На промоцијата присуствуваше премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска  и академик Митко Маџунков, претседател на комисијата што ја конципираше проектната програма за оваа едиција.

- Ваквите литературни дела отсекогаш нуделе отворен простор за дружење на луѓето, овозможувале да се надрасне овој свет, да се спознаат другите галаксии и да се запознаат другите култури. Со почнувањето на овој проект, Македонија ги поддотвора вратите за светските кутлурни вредности и излегува во пресрет на големиот интерес на домашната читателска публика, истакна премиерот Груевски.

Напоменувајќи ги проектите што Владата ги реализира во спортот, земјоделството, транспортот, образованието и науката и во делот на книжевноста и литаратурата, рече дека сите тие се издигаат како огромен симбол и потврда на заложбите да направат нешто што одамна недостасувало, да се остави нешто големо, нешто вредност, нешто значајно.

Според минисерката за култура овој проект е доказ за посветеноста на Влдата и на ресорното Министерство сето она што е верификувано во светски рамки да го донесеме дома, и на македонските читатели да им се понудат највредните бисери на светската книжевност.

- Преку едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ Република Македонија зазема значајно место меѓу големите нации кои достојно го негуваат наследеното светско книжевно богатство и го вградуваат во нашето денес и утре, рече Канческа-Милевска и додаде дека овој проект ќе им отворат и многу нови хоризонти во светскиот книжевен простор на младите македонкси автори кои ќе создаваат нови вредности, ќе се осознаат кои ќе бидат дел и сопственост на современа Европа.

Претседател на комисијата што ја конципираше проектната програма за оваа едиција, академик Митко Маџунков, меѓу другото истакна дека оваа едиција претставува извор на она што веќе станало класика и дека овој капитален проект има големо значење за промоцијата на македонскиот јазик и култура.

Капиталниот проект „Ѕвезди на светската книжевност“, кој се реализира во четири буџетски години, опфаќа издавање и печатење на 560 литературни дела од сите жанрови и сите генерации на творци и двигатели кои сведочат за развојните процеси на светската литературна мисла, писатели чиј развој е еквивалентен на неколку значајни и неодминливи фази од развојот на современата светска литература.

„Ѕвездите на светската книжевност“ се категоризирани во шест различни категории и тоа, по следните периоди: источна книжевност, стара грчка и  римска книжевност, среден век, ренесанса, барок и класицизам,  предромантизам, романтизам и реализам, модерна книжевност (20-ти век) и дела од додатокот на Проектната програма. дма/скс/16:03

 Kniz_zezdi_2_640