BOGORODICHEN.Pokrov

ПРОГРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ -2022 година
                                                17-25 Декември
                  Фестивалот е на платформата на YouTube, ON LINE


17.декември 2022
21.00 ч.
„Земниот живот на Исус Христос“   - https://youtu.be/OOVhlrRIUfo
Во филмот се покажуваат местата поврзани со животот на Господ Исус Христос, од Неговото раѓање до Неговата смрт на Крстот и Воскресението. Чекор по чекор се прикажува животниот пат на Господа...Филмот само во Русија го виделе над 2,5 милиони гледачи.
Автор: Александар Казакевич
Режисер: Константин Голенчик
Продуцент: Дмитриј Менделеев
Студио „Неофит“ , 52 мин.
Русија


18.декември 2022
21.00 ч.
Маалула - https://youtu.be/ZE2-iDkZ4Wc
репортажа за единственото село во Сирија, Мааалула во кое, заедно со малите соседни села Џабадан и Асарка се зборува и денес на јазикот на кој  зборувал Господ Исус Христос. Арамејскиот народ се служел со овој јазик од првиот век од нашата ера до седмиот век од нашата ера.
Автор: Милана Мајар
Продукција РТРС, 14 мин.
Република Српска, Босна и Херцеговина

18.декември 2022
21.30 ч.
По стапките на апостол Павле  -https://youtu.be/9uB6JAp8zL0 репортажа за христијанството во Дамаск, кое се појавило во првиот век и за црквите и  манастирите во овој град.  Се прикажува најстарата улица во светот Шареа, во Библијата позната како Права улица, во која апостол Павле прогледал  и Исус Христос го упатува да го шири христијанството...
Автор: Милана Мајар
Продукција РТРС, 31 мин.
Република Српска, Босна и Херцеговина

19.декември 2022
21.00 ч.
Свети  Никола-вистинска приказна-  https://youtu.be/6sOsbkMdi2M, документарен филм за животот на св.Никола, снимен на автентични места од неговиот живот. Познати научници ја разјаснуваат разликата на Св.Никола од Мира и св.Никола од Сион, кои имаат слични животни приказни. Преку историски оригинални  документи се потврдува дека св.Никола е реална личност и за прв пат се објавува реалниот лик на Св.Никола  како тој изгледал, врз основа на нови научни истражувања.
Продуцент: M.K.Bennet
Режисер:Stuart Lachlan
Презентер:Mark Wilson
Продукција : Lachlan Creative & Vision Video
САД, 55 мин.



20.декември 2022
21.00 ч.
Ватопед  https://youtu.be/DcoMmE-k0kY
Историчарот на уметноста Душан Миловановић, говори за еден од најбогатите манастири на Атос, Ватопед, кој е изграден во 13 –от век. Во  него престојувал Свети Сава, имал најголема библиотека, а денес има најдрагоцени  и најголем број икони, од кои  најстарите се од 12-от век.
Автор на серијалот  Дарко Петровић
Продуцент Владан Станковић
Режисер Ђорђе Милосављевић
Продукција Positive Production, 16 мин.
Србија

20.декември 2022
21.30 ч.
Приказна за Вишња –   филмот е потресно сведоштво на неврохирургот  др. Тувиј Јусифовић  од Израил, за драматичните настани  во 1943 и 1944 година, кога  граѓаните на Пирот во Србија, ризикуваќи ги своите животи спасиле повеќе еврејски деца и семејства, кои бугарските окупатори планирале да ги  предадат во злогласниот логор Треблинка. Др. Тувиј има сили на крај да прости и изговори  “Тоа што било, било. Јас  не мразам никого.”
Сценарио и режија: Емилија Лалић
Снимаел и монтажа: Милан Поповић
Извршни продуцент: Милоје Нешић
Продукција РТС , 40 мин.
Србија

21.декември 2022
21.00 ч.
Домот  на ангелите – https://youtu.be/uqFKSaaLZ3Y
Документарно - истражувачки  филм кој се занимава со феноменот на култниот манастир на Немањиќи Куманица,  во кој се бара идентитетот на пронајдените мошти во него. Делото кое е дипломскo - магистерски труд на режисеката Бранка Бешевић Гајић е наградувано со Гран При, Признание на САНУ,  награда за режија во Мостар и во Русија...
Продуцент,  Сценарио и Режија: Бранка Бешевић Гајић
Монтажа: Тијана Тодоровић
ФДУ, 38 мин.
Србија  

22.декември 2022
19.30 Соборен храм Свети Климент Охридски
Промоција на книгата  Како ја видов Мајката Божја-Богородица, од авторот м-р Миле Гиновски. Промотори се проф.др.Јован Таковски, протојереј ставрофор и  проф.др. Цане Мојановски.
   
23.декември 2022
21.00 ч.
„Старците и руската литература: Фјодор Достоевски“  https://youtu.be/TgvEUFULZmA
Достоевски во Оптина Пустина го довела семејната трагедија: починал тригодишниот син Аљоша. Во световниот живот му биле потребни духовни ориентири кои ги пронашол во старците од Оптина Пустина. Тие настани го приближиле писателот до Бога. Достоевски прв ги опишува овие старци во неговите дела...
Автор и водител: Александар Казакевич
Режисер: Виктор Јушченко
Продуцент: Дмитриј Менделеев
Студио „Неофит“ , 26 мин.
Русија


23.декември 2022
21.30 ч.
Старците и руската литература: Александар Пушкин  https://youtu.be/-7QkSAo67-A
Александар Сергеевич Пушкин, само два пати во неговите дела си дозволува да го спомене името Серафим... Во неговото творештвото е претставен и ликот на уште една фигура со која можеби поетот дури и се сретнал во 1830 година  – ликот на св. Серафим Саровски.
Автор и водител: Александар Казакевич
Режисер: Виктор Јушченко
Продуцент: Дмитриј Менделеев
Студио „Неофит“ , 26 мин.
Русија

24.декември 2022
Христијански Симболи , https://youtu.be/n3BqRw_Twvw, документарен филм  заедно со промоцијата на филмот, од архивата на Топ Ворлд. Филмот е дел од серијата Симболи, резултат на документарно петгодишно истражувањево кој се говори за  континутетот на историјата на МПЦ –ОА од времето на апостол Павле до денес и за христијaнските симболи. Учествуваат Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и голем број на врвни меѓународно признати авторитети меѓу кои академик Петар Илиевски, академик Цветан Грозданов,   
Д-р Ана Шукарова Д-р Ѓоко Ѓоргевски Д-р Елизабета Димитрова  и други. Филмот е на македонски јазик, и  има верзија на српски јазик https://youtu.be/uajxkd4EeIk  и на англиски јазик. https://youtu.be/uC9xt5OWnA8
За прв пат се прикажува на овој фестивал во чест и спомен на повеќе  соработници кои починаа, меѓу кои Драги Таневски, директор на фотографија и Коле Јовановски, монтажер и режисер, обајцата  со голем број интернационални и награди кои ја испишаа во својот работен век ТВ историјата на МПЦ-ОА и на Македонија. Исто така, и во спомен на сите врвните научници кои веќе не се со нас а чии дела вечно ќе бидат дел од македонското наследство.
Сценарио и режија: Зорица Костовска
Директор на фотографија: Драги Таневски
Монтажа: Коле Јовановски
Продукција: Топ Ворлд, 98 минути.
Македонија

25.декември 2022
21.00 ч.
Писменост, https://youtu.be/UMM0QFycFSg  документарен филм од серијата Симболи од архивата на Топ Ворлд. Говори   за континуитет на писмото и јазикот во Македонија од античко време до неговото прогласување за службен јазик во државата Македонија  на 2 август 1944.година во  манастирот Прохор Пчински, на историското заседание на АСНОМ.  Учествуваат најголемите светски признати  авторитети од оваа област:  академик д-р Петар Илиевски,  академик д-р Цветан Грозданов, проф. Илија Чашуле,
ад-р Лидија Славеска,  д-р Благица Петкова.
Филмот е на македонски јазик, а  има верзија на српски  и на англиски јазик. За прв пат се прикажува на овој фестивал во чест и спомен на повеќе  соработници кои починаа, меѓу кои Драги Таневски, директор на фотографија и Коле Јовановски, монтажер и режисер, обајцата  со голем број интернационални и награди кои ја испишаа во својот работен век ТВ историјата на МПЦ-ОА и на Македонија. Исто така, и во спомен на сите врвните научници кои веќе не се со нас а чии дела вечно ќе бидат дел од македонското наследство.
Сценарио и режија: Зорица Костовска
Директор на фотографија: Драги Таневски
Монтажа: Коле Јовановски
Продукција: Топ Ворлд, 33 минути.
Македонија


Почитувани,

Ни претставува посебна чест да го промовирате  седмиот по ред Меѓународен филмски фестивал  за културни, духовни и хумани вредности - “Богородичен Покров“,  кој е единствен од ваков жанр во нашата држава. Истиот годинава е ON LINE  од 17 до  25  декември 2022. година. Во програмата на фестивалот се прикажуваат документарни и играни филмови  посветени на културното,  духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови.  Фестивалот е основан 2016-та година и досега поддржан од 12 Амбасади во државата и бројни компании.

Од оваа година  фестивалот прераснува  во мултимедијален проект под Покровот на Пресвета Богородица и со издаваштво, музички концерти, изложби и други културни и уметнички настани. Истите би се одвивале во текот на целата година, согласно можностите.  Годинава, во рамките на фестивалот, за прв пат ќе се промовира книгата на авторот м-р Миле Гиновски, Како ја видов Мајката Божја-Богородица, сведоштво за чудото на јавувањето на Пр.Богородица во манастирот Согле , близу Богомила. Промотори на книгата се проф.др.Јован Таковски, протојереј ставрофор и  проф.др. Цане Мојановски. Промоцијата  ќе се одржи во Соборниот Храм Свети Климент Охридски, на празникот на Зачетието на Св.Ана со Пресвета Богородица на 22 декември  во 19.30 часот. Книгата беше промовирана на Света Гора, а сега за прв пат и кај нас. Издавањето на книгата го помогна Повардарска Епархија. Ги покануваме сите да присуствуваат на овој  настан.

Инаку, Почесен Претседател на фестивалот е проф. д-р Јован Таковски, протојереј –ставрофор, одликуван со златен медал “Св. Климент Охридски” на државно ниво.   Програмскиот совет на фестивалот го сочинуваат: Антонио Митриќески,  професор на ФДУ и режисер, добитник на бројни интернационални награди,  Ѓоко Ѓоргевски, декан  на  Богословски факултет “Свети Климент Охридски“ во Скопје и поранешен Амбасадор во Ватикан,  Владимир Ангелов, виш филмолог и Директор на Кинотека на Р. Македонија и  Зорица Костовска, основач и директор на фестивалот, поранешен 10 - годишен член на Меѓународната Академија на Телевизиски Науки и Уметности во Њујорк - Еmmy Awards, ТВ и филмски продуцент, дипл. дипломат и дипл. теолог. Организацијата е на Топ Ворлд ТВ продукција од Скопје, која е основана во 1994 година, чија определба е да негува општествено полезни, духовни, етички  и хумани  проекти. Инаку,  фестивалот нема комерцијален карактер, сите филмски проекции и програми се бесплатни. Нашата мисија и цел е да ги шириме духовните вредности меѓу луѓето и да ги едуцираме младите генерации во  насока на добрина, морал, етика, пожртвуваност, љубов и духовност!

Покровители на фестивалот годинава се, традиционално Руската Амабасада  во Скопје,  Неофит-руска продукција  и компанијата Лукоил, кои  ни помогнаа и ги поддржаа   руските филмови на фестивалот, Еврејската заедница  со поддршка на филмот Приказна за Вишња, Филмскиот фестивал “ Бдење душе” од Србија, со обезбедување на филмовите од Србија, почесниот конзул на Босна и Херцеговина во Македонија г-ѓа Билјана Дамјановска –Јанчевска за поддршката на филмовите од РТРС, Република Српска. 

Традиционално, Европскиот Универзитет доделува бесплатно школување  – четиригодишна стипендија за највредниот волонтер -  помагател на фестивалот.

Изразуваме голема благодарност до ТВ 5 и ТВ Алфа за поддршката на преводот и титлувањето на одреден број филмови. Исто така, голема благодарност за англискиот превод  на  филмовите “Симболи” на Александар Младеновски од Сиднеј и на Марија Драговиќ од Европскиот Унивeрзитет во Скопје , како и на  на Марија Пеева за графичкиот дизајн.

Пријатели и спонзори на фестивалот се  Транскоп - патнички сообраќај Битола, Пакомак –Скопје, Арбо травел-специјализирана за поклонички патувања,  Винарија Чифлик од Битола, Кинески ресторан Звезден океан-Скопје, Derma Bella , центар за естетска медицина и козметологија и Моzzart.

Во прилог е филмската програма на фестивалот.

Ви благодариме за вниманието.

Со почит,

Зорица Костовска – ТВ и филмски продуцент

основач и директор на фестивалот

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

075/ 33 44 87

Друго:

https://opserver.mk/makedonija/kostovska-neguvanjeto-humani-i-duhovni-vrednosti-e-vazhna-misija/