Тоше ја заслужува почитта на МПЦ но е рано да биде светител

 

СТРУМИЦА - Тоше заслужува секаква почит и признание од нашата црква и нашиот народ за сето она што го направи за неговите кратки години, изјави поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, вчера во Струмица.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Тоше Проески ќе биде прогласен за светител, тој рече: „Прогласувањето на светител во православната црква се врши по една процедура и критериуми кои се установени во црквата Христова и никој однапред не може да каже за некого дека ќе биде прогласен или нема да биде прогласен. Треба да помине и време“, изјави поглаварот на МПЦ.

Според г.г. Стефан последниот збор околу идејното решение за изградба на гробница на Тоше во Крушево треба да го имаат родителите, бидејќи нивните размислувања што му ги соопштиле на последната средба се разликувале од тоа што е предложено. Притоа, тој рече дека треба да се остави времето да покаже што ќе изберат родителите за трајно обележје на покојната мега-ѕвезда.

Сите треба да бидеме загрижени за нискиот наталитет, истакна поглаварот Стефан

На средбата со новинарите во Струмица поглаварот на МПЦ искажа загриженост за намалениот наталитет кај Македонците. „Православната црква го кажала својот став околу тоа прашање, околу абортусот, но сметам дека уште едно прашање треба да не' загрижува: нискиот, малиот наталитет меѓу нашиот народ“, рече тој, додавајќи дека сите треба да бидат загрижени - и црквата и семејствата. „Се намалуваме како народ, а тоа прашање е за секого од нас, не само за црквата туку за секое семејство, за секој Македонец, без разлика каде живееме“, додаде г.г.Стефан, кој вчера началствуваше со празничната литургија во црквата „Свети Григориј Палама и свети Димитриј“ во Струмица. (С.Т) _

Утрински весник


ВЕСТ

ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА МЕГАSВЕЗДАТА ЗА СВЕТЕЦ


Г.г. Стефан: Тоше заслужува почит од Црквата
"Никој однапред не може да каже за некого дали ќе биде прогласен или не за светител. Треба да помине време и она што Црквата треба да го има за оценување треба да го направи", изјави вчера во Струмица поглаварот н

 

"Никој однапред не може да каже за некого дали ќе биде прогласен или не за светител. Треба да помине време и она што Црквата треба да го има за оценување треба да го направи", изјави вчера во Струмица поглаварот на МПЦ г.г. Стефан коментирајќи ја иницијативата на дел од македонските граѓани покојниот Тоше Проески за својата добрина и хуманост да биде прогласен за светец.


Според г.г. Стефан, прогласувањето на светител се врши спред процедура и критериуми кои се востановени во Црквата Христова, така што било прерано да се зборува за тоа. Но, имајќи ја предвид добрината што ја поседувал покојниот Тоше за сите граѓани, поглаварот на МПЦ нагласи дека тој заслужува почит и признание од Црквата и верниците.


"Откако почина откривме колку бил боголубец, колку им помогнал на луѓето, на сиромашните, на болните. Беше човек којшто навистина може да биде пофален за својот богоугоден живот, затоа што на негови години и можности изгради манастир на падините покрај Крушево. Тоше заслужува секаква почит и признание од нашата Црква, од нашиот народ за се она што го направи за неговите години", рече г.г. Стефан.


Тој минатата недела имал средба со родителите на Проески и разговарале за идејното решение за гробницата што се најавува. Според него, семејството треба да си одлучи каква гробница треба да се подигне за покојниот Тоше.


П ОГЛАВАРОТ НА МПЦ, Г.Г. СТЕФАН

Прерано е да се прогласи за светител

Црквата допрва ќе анализира дали Тоше Проески може да биде прогласен за светител, но нема дилема дека бил голем хуманист и верник.


- Прогласувањето светител во православната црква се врши според востановена процедура и критериуми и никој однапред не може да каже дали некој ќе биде прогласен за светител. Треба да помине време, а Црквата да даде оценка - изјави поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан по вчерашната празнична литургија во Струмица, посветена на свети Григориј Палама и светиот апостол Филип.

Според поглаварот Стефан, за Тоше Проески се знае колку бил богољубец, колку им помогал на сиромашните и на тие што имале здравствени проблеми.

- Тој е човек што навистина може да биде пофален за неговиот богоугоден живот. Еве изгради и манастир на падините покрај Крушево, што навистина мора да бидат респектирани и од црквата наша и од верниците и од сите што ги почитуваат вредностите што остануваат во нас. Тоше заслужува секаква почит и признание од нашата црква и од нашиот народ за се' што направи во својот краток живот - рече г.г. Стефан.

Охридскиот и македонски архиепископ потврди дека родителите на Проески имаат поинаква замисла за трајното обележје на Тоше од тоа што е предложено, така што конечното решение е неизвесно.

Дневник

Посети: {moshits}