Тоше не можеше без нас, ниту, пак, ние можеме без него, им рекол таткото Никола на великодостоинствениците 

Билјана Јовановска-Утрински весник

На гробиштата на Гумење, веднаш до вечното почивалиште на Тоше Проески, многу извесно е дека ќе биде изградена мала црква. Се' уште се размислува дали во неа ќе има три крипти (за македонската поп-икона и за неговите родители) или телото на Тоше ќе биде префрлено во тремот на црквата, но е извесно дека зад едно вакво решение стојат родителите на Проески.

Тоа е најблиско до личноста на нивниот трагично загинат син. Бидејќи во случајов желбата на родителите мора да се почитува и ако се има предвид дека Тоше, како голем верник, оставил своевиден аманет, забележан на видеозаписот кај манастирот „Свето Преображение“, неговиот вечен дом да биде во сакрален храм, изградбата на црквата не би смеело да се доведува во прашање. Особено што таа има силна поддршка и од врвот на Македонската православна црква.

„Тоше не можеше без нас, ниту, пак, ние можеме без него“, им рекол, скршен од болка, таткото Никола Проески на црковните великодостоинственици, кои во саботата вечерта, по поменот за Тоше, ја посетиле нивната семејна куќа. Изградба на црква до гробиштата во Крушево, всушност, би било решение прифатливо и за самиот Тоше, затоа што желбата да почива во манастирот, во месноста Ручало, на надморска височина од 1.642 метра, од повеќе причини не може да се реализира. Во овој планински предел навидум „малите“ осум километри раздалеченост од Крушево се непремостлива пречка за најблиските, ама и за сите обожаватели и почитувачи на делото на Тоше.

Изградбата на црквата непосредно до почивалиштето на нашата ѕвезда воопшто не го доведува во прашање завршувањето на манастирот „Свето Преображение“, започнато пред цели дваесет години.

Тоа е желба на крушевчани, но и на нивниот Тоше. Затоа двата објекта ќе се градат со донации од почитувачите на мегаѕвездата, но и од верниците, а изградбата ќе продолжи, односно ќе започне напролет. Се цени дека многу меморијални центри или слични објекти биле градени и завршени, но веќе по неколку години нивното одржување станувало своевиден проблем. Сакралните објекти, по природата на нештата, се одржуваат сами од себе - од верниците, од свеќите...

Сега, кога од ден на ден станува сосема јасно дека вечниот дом на Тоше добива обележја на светилиште, на македонски Ерусалим, каде што на поклонение одат почитувачите, но и луѓе со конкретна мака, нема сомневање дека Координативното тело за заштита на делото на Тоше Проески ќе мора да ја преиспита согласноста за проектот за гробницата, изготвен од проектантското ателје „Ајвар“. Многумина сметаат дека, и покрај добрите намери на неговите автори, овој проект е предложен и прифатен набрзина, без согласност на родителите кои, објективно, и не биле во можност да ги искажат своите желби.

Бидејќи идејното решение ќе се менува и Координативното тело ќе треба да одлучува и да расправа за проект за црква, многу е логично во него да членува и духовник од Македонската православна црква, затоа што објектот ќе мора да биде изграден во духот на вековната традиција на овие простори.


Извор:Дневник

 *Премиерот Груевски рече дека сте се биле во неговиот кабинет две недели пред трагичниот настан. За што разговаравте?

- Бевме за да го информираме за многу детали поврзани со кариерата на Тоше во Англија. Тоа беше голема работа за нас, но и за Македонија. Сметав дека медиумите не го информираат народот доволно за овој голем чекор. Можам да ви кажам дека Тоше беше многу среќен по средбата. Му се врати вербата во многу нешта. Во почетокот на разговорот излегов од канцеларијата на премиерот,зашто имав важен телефонски повик, така што ги оставив сами. Тоше бликаше од среќа кога го напуштивме кабинетот и ми рече дека многу му значи поддршката од премиерот. Му подари крст, кој го донесе од Ерусалим, бидејќи во него препозна голем верник. Му значеше поддршката од сите вас. Без разлика што беше популарен на целиот Балкан, вие и вашата поддршка му значевте најмногу. Затоа се наметнува прашањето зошто не ја чувствуваше поддршката и толку ја потенцираше. Каде грешевме сите?

*Добивте ли материјална поддршка од државата за некој проект?

- Морална некогаш, материјална никогаш. Бев во еден миг толку револтирана што со Тоше се јавивме во Стопанска комора да ја тужиме државата за пиратерија и за организирано ограбување на продуцентските куќи. Но, Тоше како и секогаш ме молеше со зборовите: ајде, ќе дојде се' на свое место кога ќе постигнеме светска слава. Луѓето се гладни и да не ги обвинуваме оние на кои им е потребен леб. Го послушав. Беше навистина хуман и не сакаше да обрнува внимание на сите тие проблеми.

 

 *Дали знаеше за проблемите на „Фајнл кат“?

- Секогаш го штитев, зашто беше преемотивен и во ниеден момент не сакав да го разочарам дека ни со толку работа не може да се добие заслуженото. Му обезбедив колку што можев. Гледав да го добие тоа што му припаѓа, иако секогаш сметав дека е малку со оглед на тоа дека премногу заслужува. Но, се тешев со тоа дека државата е мала и нема капацитет да следи таква ѕвезда. Се трудев барем тој да не ја почувствува таа тежина. Се обидував достоинствено да направам да се гордее со својата работа, да заработува, да живее убаво и да биде награден за својот труд. Тоа го постигнав до максимум. А моите проблеми ги чувствуваше кога ќе ме видеше дека сум нервозна. Кога виде дека за него секогаш плаќав данок, приложувајќи му ги сите документи од 2002 досега, му беше полесно. Но, понекогаш гледав тага во него. Сфаќав дека му е жал за мене. Повторувам дека има многу работи што, во овој момент, не би сакала да се разнесуваат по целиот Балкан. Тој многу ја сакаше Македонија и мене ме научи да ја сакам. Најтешко му падна кога во еден весник го прочита насловот „Тоше и Лилјана затаија данок“. По таа информација бевме на промоција во Хрватска и добивавме прашања од типот „дали имате проблеми во својата земја“. Луѓето во еден момент ни рекоа: „Дојдете во Хрватска, ние ќе ве прифатиме“. Никогаш нема да го заборавам тоа што го рече еден хрватски музичар: „Најмногу ми е жал што не те роди хрватска мајка“. 
 

*Дали во револт сакаше да ја напушти Македонија?

- Никогаш. Македонија беше негов живот. Никогаш нема да заборавам дека каде и да одевме со нас го носевме македонското знаме. Ја сакаше оваа земја и никогаш не сакаше да живее надвор од нејзините граници. Во револт само ќе речеше: „Ќе престанам да пеам“. Толку беше патриотски задоен што попрво ќе престанеше да пее, отколку да оди одовде. И затоа многу нешта го погодуваа .

 +++

Се промени ли откако се врати од Израел?

- Беше незадоволен што не бев, зашто сакал да му одговорам на многу прашања за таа земја. Да, почувствував голема промена откако се врати. Беше посериозен и помолчелив, постојано ме прашуваше: „Ме сакаш ли?“. Пред да тргнеме во Австралија ми рече: „Каков верник сум ако се плашам од авиони? Тоа значи дека се плашам од смртта“. Тогаш беше опуштен, можевме да се шегуваме и првпат ми рече: „Лилја го совладав стравот, не се плашам од ништо!“.

Повеќе

 



Тоше ја заслужува почитта на МПЦ но е рано да биде светител