Прашање од Димитар:

Ве молам ако е возможно  посочите библиографија за историјата на Охридската архиепископија. да миИсто така ме интересира симболиката на жезалот на македонскиот архиепископ како и на останатите православни патријарси и архиепископи.
Благодарам

 

Одговор:

Би ви ги препорачале Историјата како Иконостас од о. Стефан Санџакоски, Охридската архиепископија од основањето до забраната на нејзината дејност - 1767 год од др. Јован Белчовски и 1100 години од хиротонизирањето на свети Климент во епископ и доаѓањето на свети Наум во Охрид кој претставува зборник на трудови во издание на Дебарско - Кичевската епархија и Брегалничката епархија.
Жезалот има уште старозаветно потекло, од Првосвештеничкиот жезал и ја претставува власта која му е дадена на свештеникот, то ест, пастирот на народот кој треба да го пасе стадото свое, и да ги покорува непријателите негови под жезалот на правдата...