3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

ЕТИКАТА НА ГРИЖАТА КАКО НЕОПХОДНА ЕТИЧКА КОНЦЕПЦИЈА ЗА ОВОЈ   ГЛОБАЛЕН ЕРОДИРАН СВЕТ

(Есеј)

                (Научно - истражувачка етика)

Изработила          

 Катерина Момева                   



Во 1610, Галилеј со телескоп ги открил четирите сателити на Јупитер, кои се наречени Галилееви сателити. Сателити на Јупитер се: Јо (вулкански најактивно тело во соларниот систем), Европа (се мисли дека содржи течен океан под својата смрзната површина), Ганимед (најголемиот сателит во соларниот систем) и Калисто. Ганимед и Калисто се поголеми од Плутон и Нептун. Ако Галилеј бил најнапреден човек на неговото време, и открил таков значаен факт во услови речиси невозможни, ако се земат во предвид технолошките пронајдоци од тој период; што ќе се случи ако денес се роди некој Галијеј на дваесет и првиот век? Во дваесет и првиот век, се случува еволуција на комуникациите, имаме радио, авиони, телевизија, телефони, мобилни, интернет, сателит, хипотетички ние сега се стремиме да комуницираме со други планети, бидејќи земјината топка сме ја заробиле во комуникациски мрежи. Преку комуникациите, човекот конечно ја покори планетата во која живее и сака влезе во нова ера – Глобализација. Дали навистина е се идеално и розово, како во епизода од телевизиската серија „Ѕвездени патеки“? Каде е крајот и кон што не води сето ова?
    Растот на транспланетарните и наттериторијалните простори беше охрабрен од итноста за:
        А) нови форми на капиталистичко производство
        Б) повеќеслојно и подифузирано управување
        В)мултидимензионални и похибридни идентитети
        Г)поголемо преиспитување на рационалните сознанија.
Со процесот на културна глобализација се постигнува компресија на времето и просторот. Додека од една страна културата станува глобална, на сцена се враќаат некои локални субкултури. Културните вредности и квалитети денес е тешко да се дефинираат и ограничат. Ваквите процеси бараат реорганизација на културните институции. Поимот глобализација и функцијата на поимот глобализација, се различно дефинирани и толкувани од повеќе аспекти.  Самиот поим е премногу плаузабилен и отворен за толкување, такашто многу лесно се манипулира со него во име на различни идеи. Отвореноста на самиот поим не може да се ограничи на ниво на идеологија, кон што се стремат неолибералистите и антиглобалистите, бидејќи нема цел само да хомогенизира, како што тврдат универзалистите, туку да промовира културна разновидност, преродба и иновација. Што се однесува до поимите „позападување“ и „империјализација“, факт е дека големите капиталистички држави, независно од самата глобализација, доминираат во светското општество - културно, економски и политички, создавајќи одново нова модернизација. Според  Шолте, глобализацијата е „трансформација на општествениот простор и компресија на времето“.
    Транспланетарноста и надтериторијалноста се две основни карактеристики на глобализацијата. Тие го дефинираат просторот. Со поголема контрола на просторот се постигнува компресија на време. Тенденцијата да се освои просторот и да се намали далечината, а со тоа да се постигне забрзано дејствување е вообичаена потреба на човештвото некогаш и денес. Глобализацијата е логична последица на здравиот Homo Sapiens и негова потреба да избега од ограничувањата на просторот и времето.
    Во ваквиот глобален свет етичките вредности се еродинарани од динамиката на живеењето. Матетијалното никогаш не е доволно, духовното се распаѓа. Затоа етиката на грижата е неопходна етичка концепција, преку која ние ќе престанеме да ги претрчуваме и занемаруваме суштествените човекови потреби за добро живеење и преку која ќе се запрашаме што правиме ние во овој свет и каква грижа покажуваме за него. Грижата е поттик да се направи нешто добро, она што вистински е неопходно. Таа е сосредочување на обврските за тие да бидат извршени како што треба. Загриженоста е човечки пристап, размисла определба и дејство. Со цел да се најде решение на проблемите и луѓето да бидат ослободени од нивниот натисок. Тоа е согледливо со сите фази на моралниот акт: доживување,размисла, определба, насочување и дејствување. ( Кирил Темков).Борбата против загадувањето на воздухот на малата Грета Тунзберг преминува во феномен на глобална грижа, во време кога медиумскиот империјализам пласира глобална негрижа и идеи на колективна бесмисла, застрашувајќи со непроверени информации и теории на заговор, за да го одвлече вниманието на луѓето од вистинските проблеми и да ги поставува постојано во некаква психолошка неизвесност. Ваквата континуирана глобална деструкција предизвикува лошо доживување за светот, несигурност кај индивидуите да се определат, да имаат своја лична мисла, надвор од глобалната размисла. Ја губат насоката на дејствување.
За да се надмине овој надтериторијален, просторно временски притисок, неопходно е кај човекот да се вроди вистинска загриженост, бидејќи грижата често ја измачува душата, но е добра и корисна и за индивидуата и општествено корисна. Вистинското современо етичко однесување подразбира грижа за подобрување на глобалниот систем во кој сите луѓе еднакво ќе бидат згрижени и заштитени. Ранливите категории, лицата со хендикеп, гланите луѓе во сиромашните држави, сите ќе бидат згрижени од луѓе и организации кои преку глобални финансиски структури ќе го подобрат животот на загрозените. Грижа за природата и за воздухот кој го дишеме. Грижа за етична медиумска и културна содржина, бидејќи во глобалната ера слободата на говор се злоупотреба во форма на медиумска манипулација, што е крајно неетична во својата функција. Етиката на грижата дава позитивна перцепција и потреба за совесно дејствување во однос на себе, семејството, околината на нашето примарно окружување, грижа за добар соживот со луѓето, одговорноста секогаш да бидат завршени работите за доброто на сите. Ако некој се грижи тоа значи дава, а многу е поважно да се дава, отколку да се има.  Етиката на грижата го завзема гледиштето дека општествените институции треба да бидат оправдани врз основа на тоа дали ги исполнуваат „основните права“ на индивидуалците во однос на универзалните стандарди за правда, слобода и еднаквост, но и дека секоја единка е дел од глобалното општество и дека единката треба исто така да ги исполнува „основните права“ во однос на универзалните стандарди за правда, слобода и еднаквост, преку добра размисла, доживување, дејствување, определонст, насоченост. Етиката на грижата е неопходна етичка концепција за овој глобален еродиран свет.

ЛИТЕРАТУРА
Етичари- Кирил Темков
Етика на културата - Кирил Темков
Глобализација – Јан Арт Шолте
Забеган свет  - Ентони Гиден

 

 Преминпортал

Август 2021 лето Господово

Друго:

Promocija.K.Momeva1.jpg

 

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 ПП 2021