Одговара: отец Горан Стојчевски
Прашање:
Прашање: Дали икуменизмот и масонството се едно те исто за православието?
Одговор:
Ако екуменизмот се сведува на некаков дијалог кој го исклучува Христос Богочовекот и единството на верата во Духот Свети, односно некакво заедништво без Бог, тогаш тоа е чисто секуларно движење! Без единство во верата нема екуменизам. Масонството исто така, може да има религиска обвивка, и да говори за Бог, но како такво може да се движи од исклучување на Бог, до потполно отфрлање и негирање на Бог и поврзување со сатанизмот. Но, во секој случај она што нас треба да ни предизвика интерес е нашиот духовен живот, доколку се држиме до заповедите Христови и литургискиот живот во Православната Црква, тогаш растеме во благодатта Божја, „ако Бог е со нас , кој ќе е против нас„ односно ако живееме со Бог многу помалку значење ќе придаваме на било какви движења насочени против вистинската вера, а многу повеќе ќе придаваме значење на нашето покајание и постојана молитва!