Соборување на разбудените авторитарци

Лидерите денес не го црпат својот морален авторитет од демократското одобрување на нивните електорати, туку од нивната способност „да се издигнат над толпата“ и да се спротивстават на нивните наводно заостанати вредности. Нивните оставки се преполни со жалопојки за „популизмот“, „поларизацијата“ и наводната „токсичност“. Гласачите секогаш се имплицитните негативци, затоа што одбиваат да замолчат и да ги остават да владеат.

Хаг до Израел и САД: Да не ни се силите

Меѓународниот кривичен суд во Хаг побара веднаш да престане заплашувањето на персоналот потсетувајќи дека таквите закани може да се сметаат за напад врз постојаниот светски суд за воени злосторства. Не се спомнува кој заплашувал и се заканувал, но прилично е јасно: Израел и САД во последно време јако нагазија на судот барајќи да сврти глава од она што се случува во Газа.

Републиканци ја забранија Библијата?

Во републикански доминираниот Претставничкиот дом на Конгресот со 319 гласови за и 91 против помина Законот за свесност за антисемитизам, кој би можел да ја направи Библијата нелегална во САД.

Речник

Украина е на работ

Ситуацијата е најтешка што некогаш била од првите денови на руската инвазија, и работите ќе станат уште полоши, изјавува првиот човек на украинското воено разузнавање, генерал Вадим Скибитски, во разговор со Економист.

За мир во Газа, Бајден би ги прибрал Палестинците во САД

Белата куќа размислува да им дозволи на Палестинци трајно да се преселат во САД како би се спасиле од војната која се води во нивната татковина поддржана од Белата куќа и со оружја снабдени токму од Белата куќа.

Климатизмот ја напушти науката и стана идеологија

Како резултат на глобалната паника околу темата и драмолетките на Грета Тунберг, многу млади искрено се уплашени дека нема да стигнат да пораснат бидејќи дотогаш климатските промени ќе ја уништат Земјата и животот на планетата ќе го снема. Професор од Кембриџ ја смирува тензијата. Не сме на ивица на пропаста а климатизмот се оддалечи од науката и стана идеологија.

Off Topic

Ако кравите ти се проблем, проблемот ти е во главата

Наместо природното месо, треба да јадеме вештачко месо, произведено од компании во кои тој има инвестирано. Поради својот дигестивен систем, кравите испуштаат многу метан и затоа време е да ги замениме, смета Бил Гејтс. За тоа што со државно спонзорираниот индустриски тероризам наречен дигање во воздух на Нордстрим, во атмосферата беа испуштени 478.000 тони метан, никому ништо.

Не мораше баш и ова да го знаеме

Зомбија, walking dead, undead... многу корисен и користен концепт за хорор филмови на стравот и ужасот. Рационалното во нас сепак победува на крајот па човек си ја смирува фуфката пошто знае дека е тоа невозможно и надвор од секаква реалност. Aма по некое време налетуваш на видео во кое невро-паразит може да пушти мртва бубашваба во погон откако ќе загосподари со нејзиниот мозок. Некој нека демантира, плиз!

Пред првомајските празници во Кина

Железничката станица во Хангџоу пред првиот ден од првомајските празници во Кина. Се очекува дека за празникот железничката мрежа на земјата ќе ја искористат 144 милиони жители. Кина годишно има вкупно 11 неработни денови заради државни празници.

Седете си МНР, за што сме ние тука?

Во каква ситуација биле Македонци кои аплицирале за работа некаде низ европските институции. Барале македонски јазик? Аха, важи. Државјанството пак, го немало под „М“ ама ниту под „Н“. Ама затоа, можело да се  најде под букавата „О“. Од кај па сега „О“? Ќе видите. Цел онолкав МНР, со она умислено конте Османи на чело, а за базични правдини мора да пишуваш писма и сам да ја аутсорсираш македонската дипломатија.

Кој е Томо Жезнати?

Томо Жезнати, познат сениор девелопер и експерт за Линкукс, им се пожалил на луѓе дека заради брзиот развој на вештачката интелигенција има останато без работа и професионален ангажман и дека поради тоа е принуден да работи како професионален моторџија и модел за песни. Сакајќи да ја проверат неговата работна биографија, луѓето за помош се свртиле кон ЧетГПТ. Еве што има тој да каже за Томо.

Револуционерка, од новите

Про-палестинска студентска активистка од Колумбија, универзитет од престижната Ајви лига, крем дела крем од кој се регрутираат идни сенатори, судии, корпоративни ЦЕО-а... Насекирана да не дехидридраат. - Сакате да сте револуционери ама владата да ви носи храна? - Не да ни носи, туку да не ја блокира. - Ви ја блокирала ли до сега? - Не, ама сакаме гаранции.

Локалности

Net Roulette

Offside

Италијанскиот репрезентативец кој е привремено отстранет од репрезентацијата и од Њукасл поради големиот обложувачки скандал, доби нова казна од англиската фудбалска асоцијација (ФА).

Off Café

Bookbox

За оние кои страдаат од реткиот феномен на страв од зајци нема полош момент од Велигден, со сите тие украси и чоколадни фигури на ова животно. Тоа би требало да асоцира на плодност и будење на природата, ама лепорифобот има поинакви мисли.

Нова книга на Самир Чопра, под наслов „Вознемиреност: филозофски водич“, тврди дека таа е дел од човечката состојба и дека ако ја третираме како непријател, а не како придружник, само си правиме полошо. 

Последните часови од животот на Платон реконструирани од свиток кој ја преживеал ерупцијата на Везув

Папирус кој бил закопан под слоеви вулканска пепел по ерупцијата на Везув во 79-тата година фрла нова светлина врз тоа како починал и каде е погребан еден од најголемите мислители на западната филозофија. Тој бил пронајден уште во 18-тиот век, но до сега делови од јагленосениот документ биле нечитливи. 

„Прозорски зомбиња“: и Јапонците имаат луѓе што ништо не работат, само од поинакви причини

Велат дека ако влезете во канцелариите на која и да е од големите јапонски корпорации може да наидете на „прозорското племе“ - напуштени души на јапонскиот бизнис сектор, на чии лица се исчитува очај и досада. Тие немаат што да прават по цел ден, па зјапаат низ прозорците, чекајќи некој да се смилува и да им даде работа. До толку ги јаде срам, што по некое време сами си одат.

427-те куфери пронајдени на таванот на затворена психијатриска болница

Во 1995 била затворена психијатриска болница за „хронично ментално болни“ во Њујорк. Подоцна на таванот на зградата биле пронајдени над 400 куфери кои им припаѓале на некогашните пациенти. Во една имало војничка униформа од Втората светска војна, во друга библиотечна потврда за позајмица на книга од Фројд од 1929. И ова е само дел од предметите кои раскажуваат приказни за нивните сопственици. 

Off Course

Храна за возрасни

Стигнавме на дното