markov.freskopis4.jpg

Прашање од Зоран: Почитувани, моето прашање се однесува на почетоците на фрескоживописот, историјатот, преку преданијата или зачуваните примероци, значи, од кога всушност започнува фрескопишувањето?

Со почит.

Aleksand.Lit.jpg

Одговара : отец Горан Тасески

 Фрескоживописот и иконописот се врзани со самиот почеток на христијанството. Настанот кога Спасителот наш Исус Христос му го испраќа на персискиот цар Авгар, Неракотворниот образ преку кој тој се излекувал /види во житието за ден29 август/,  се смета за прва икона и благослов за живопис на Спасителот наш Господ Исус Христос и на светиите. Св. ап. Лука се смета за прв иконописец, бидеќи ја живописал Пресвета Богородица уште за време на нејзиниот живот .

Во раниот период на гонение на христијаните/2до4век/ кога тие биле приморани да ги извршуваат своите молитвени собири и да извршиваат св. Литургии во подземни прострии  / катакомби/, во истите се пронајдени фрески на симболи за Христа како:- Риба , Добриот пастир, Јагнеи др., кои биле изобразувани на зидовите. Во Византија кога христијанството станало водечка религија и фрескозивописот се развивал со поголем обем и квалитет . За време на иконоборечките ереси многу икони и фрески биле уништени,  но после овој период од 842г. па навака фрескоживописот во континуитет  е застапен во нашите храмови и  го покажува видливо за нашите телесни очи,  присуството на жителите на Царството Небесно во нашата црква   која е во постојано духовно општење со  небесната победоносна црква.

Господ да ве благослови . поздрав