ПРОГРАМА на фестивалот ДРУГА ПРИКАЗНА

Регионалниот книжевен фестивал „Друга приказна“ годинава ќе се одржи по седми пат: на 26 август во Сули-ан и на 27 и 28 август во МКЦ-Скопје.

Под слоганот „Нова писменост“ фестивалот ќе ги истражува експерименталните образовни практики во наставата по книжевност, критичката и демократска училница, создавањето на книжевните канони...

Триесетината учесници од регионот и од нашата земја ќе се обидат да ги лоцираат современите текови на регионалната книжевна сцена, ќе разговараат за книгите на сјајни писател(к)и и поет(ес)и, ќе презентираат интригантни интердисциплинарни проекти кои го шират полето на културата...

„Новата писменост“, во контекстот на „Друга приказна“, меѓу другото значи и борба за поинакво, „поалтернативно“ разбирање на книжевноста, кое истовремено е пошироко, посинтетичко, и кое уште идеалистички веерува во моќта на книжевноста да ги менува човекот и светот.

 

ПРОГРАМА

Петок (26.08.), Сули ан


18.00.-20.00. - Бантустански мапи - изложба и предавање на Урош Крчадинац

20.00. ВЕЧЕР НА ДУБРАВКА УГРЕШИЌ
- видео разговор: Дубравка Угрешиќ и Румена Бужаровска
- разговор за Угрешиќ: Мерима Омерагиќ, Ирена Јовановиќ, Гоце Смилевски, Никола Гелевски...

23.00. Димитра Цилевска - мал концерт


Сабота (27.08.), МКЦ

18.00.-20.00. РАЗГОВОРИ, БЛОК 1
- Сенка Мариќ со Калина Малеска
- Маша Сеничиќ со Душица Лазова
- Јана Букова со Душко Крстевски
- Срѓан Срдиќ и Данило Луциќ со Никола Гелевски

20.30. - Суштества страшни со фризури и машни - изложба на Ненад Тонкин.

21.00. ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ (перформативен книжевен натпревар на „едноминутни новели“)
Учесници: Маша Сеничиќ, Данило Лучиќ, Јана Букова, Тања Аждаја, Ива Дамјановски, Милан Дамјаноски, Стефан Алиевиќ... Водител: Владимир Лукаш

23.00. Проекција на филмот Дуга реса; разговор со режисерот Драган Протиќ


Недела (28.08.), МКЦ

15.30. - 18.00. - Читање додека си играме? Поезијата на Ф. Гарсија Лорка како игра
Работилници за деца со Барбара Прегељ, Ненад Тонкин и Доротеј Нешовски

18.00. РАЗГОВОРИ, БЛОК 2
- Разговор со Јана Бауер
- Барбара Прегељ со Никола Гелевски
- Хелена де Карина и Ружица Марјановиќ со Фросина Крушкаровска
- Разговор со Ана Фазекаш

20.00. дебата НОВА ПИСМЕНОСТ: Ана Фазекаш, Хелена де Карина, Ружица Марјановиќ, Барбара Прегељ...

22.00. Проштална журка и изложба на Анета Попова: You are my bowl / I am your bowl (Микро изложба во шума)

*Програмата може да има мали измени

 

https://okno.mk/node/94331?fbclid=IwAR15e_h-A_QoHe-EM1pZ3ILIRCWodQWs19zXuMhu-LjcX3uLv7ATH4KFMhM