Смоленска икона на Богородица наречена “Одигитрија’’


Икона на Богородица „Одигитрија’’. Прва четвртина на XV век. Византија.



Одигитрија (грч. Οδηγήτρια- Показателка на Пат; Патоводителка)- една од најраспространетите видови  на образ на Богородица со Младенецот Исус; иконописен образ кој по преданието е напишан од  евангелистот Лука.



 Опис

Младенецот Христос седи во рацете на Богородица, со десната рака благословува, а во левата држи  свиток, книга што одговара на иконографскиот тип на Христос Пантократор (Седржител, Семоќен). Како  вообичаено, Богородица е претставена на иконата до појасот, но познати се и скратените верзии каде  е претставена до рамо (Казанската) или целосно.

Разликата со прилично блискиот тип на Елеуса е меѓусебниот однос на Мајката и Синот: иконата не ја изразува бесконечната љубов, овде централно внимание е дадено на Христос, Кој се обраќа кон Онаа  Која го гледа, Богородица, Која исто така е насликана во предниот дел (или со мал наклон на главата), укажува со раката кон Исус.

Од догматска гледна точка, главното значење на оваа слика е појавата на Небесниот Цар и Судијата во  светот и поклон кон кралскиот Младенец. Овој вид на Богородична икона беше невообичаено широко распространет низ сиот христијански свет, а особено во Византија и Русија.

Според  преданието, првата Одигитрија (Влахернска икона) била создадена од евангелистот Лука,  донесена од Светата Земја од Евдокија, сопругата на императорот Теодосиј, околу средината на V век,  а потоа ставена во Влахернскиот храм (според други извори - во храмот на манастирот Одигин, од каде  што и името доаѓа). Иконата стана чувар на Константинопол. Не еднаш таа беше носена на градските ѕидини за време на нападот на непријателите.
Освен тоа, секој вторник, со иконата беше спроведена Крстна поворка низ целиот град.

Константинополската “Одигитрија’’ беше уништена во 1453 година во времето на нападот на градот од страна на отоманските Турци. Според сведоштвата, иконата ја расекоа на делови османлиските војници,  за да ја земат златната опклада со скапоцени камења.


Икона на Богородица “Одигитрија’’, наречена Шујска

Светата икона на Богородица Одигитрија (Патоводителка), наречена Шујска, се појави во градот Шуја, Владимирска епархија во најсвирепата разгореност на чумата во 1654-1655 година. Надевајќи се на милоста Божја и застапништвото на Богородица, парохјаните на Воскресната црква му порачаа на еден благочестив инок да го напише образот на Смоленската Богородица, која од древно време ги спаси руските луѓе од непријатели и неволји. Иконата беше иконописана за време од 7 дена во време кога жителите на Шуја постеа и извршуваа усрдно молитви кон Богородица. Кога иконата беше иконописана, народот, причестувајќи се со Светите Тајни, предвоени од свештеникот на Воскресната црква ја внесоа ново- иконописаната икона во црквата и ја поставија на посебно изградено место. Од тогаш, чумата почна да се стишува, најпрво во пределите на Воскресната црква, а потоа и во целиот град.

Од иконата на Богомајката, поставена во храмот, се извршија многу чудесни исцеленија, особено од очни болести.

Во 1831 година, застапувањето на Пресвета Богородица ја сопре во Шуја и епидемијата на колера. Од оваа света икона, младиот Јаков и многу други болни добија исцелување од бес.



Икона на Богородица „Смоленско- Шујска’’


Опис:

Шујско-Смоленската икона е до појас насликана Богородица со Младенецот Христос во Нејзините раце. Спасителот седи од десната страна на левата рака на Богородица. Иконографската особина на Шујската иконата, се разликува од Нејзините други икони Одигитрии, според карактеристичната положба на рацете и нозете на Богомаденецот: подножјето на десната нога е на левото колено држејќи си ја петицата со левата рака. Во десната рака на Христос има свиткан свиток. Десната рака на Богородица ја поддржува левата нога на Младенецот.

 Историја:

Историјата за појавата на чудотворната икона на Пресвета Богородица,  Шујско- Смоленска, е поврзана со епидемијата на чума која го погоди градот Шуја во 1654 година. Преданието за иконата вели дека парохијаните на црквата на Воскресението преложиле да напишат нова икона на Богородица Одигитрија од Смоленск "за избавување од нивните неволји и несреќи".
Пишувањето на новата икона му беше доверено на иконописникот Герасим Тихонович Икоников во 1655 година. Иконата со големина 110,7 х 88,7 см ја поставија лево од кралските порти на иконостасот на црквата на Воскресението во градот Шуја. Наскоро болеста престана, а од иконата продолжија да се случуваат чуда.
Преданието ја објаснува необичноста на иконографијата со првото чудо што се случи од иконата: неколку пати додека иконописецот се обидуваше  да го направи ликот на Богородица Смоленска, според неговиот оригинал, на чудесен начин се менуваше положбата на рацете и нозете на Младенецот Христос.
Не осмелувајќи се повеќе да го поправи она што го виде, тој го сметаше ова чудо и како јавно пројавување на Божествената Промисла и го пријави ова случување на раководството и на градските жители. Луѓето беа изненадени и исплашени од такво чудо, и го славеа Бога со благоговение (длабок почит и љубов). Иконописникот ја напиша иконата токму онака како што таа самата се испиша.
Со декрет на царот Алексеј Михајлович од 21 јули 1667 година и благословот на патријархот Јоасаф, во Шуја беше испратена комисија за утврдување на автентичноста на чудото. Вистината на чудото беше потврдена и опишана, а иконата беше наречена "Смоленско- Шујска Богородица". Оттогаш, иконата официјално е почитувана како чудотворна. Во 1922 година, во Шуја, чудесната Шујска икона на
Пресвета Богородица била отстранета од храмот и оттогаш нејзината локација не е позната.

Особената иконографија на чудесната икона датира од претходниот протограф, особено распространета во руската иконографија во XVI век. Еден од најраните примери е иконата на "Богородица Одигитрија Шујска" од третата четвртина од XVI век од црквата на манастирот “Спасител’’ во Муром (колекција на музејот за историја и уметност во Муром).

Празнувањето на иконата се одвива три пати: 10 април (претходната), 10 август (28 јули според стариот календар) - заедно со другите икони “Одигитрија’’, 15 ноември (стар стил 2 ноември) - во спомен на пишувањето на иконата и престанокот на епидемијата на чумата, во вторникот на Светата недела - во спомен на првото регистрирано чудо што се случило од иконата.




 Молитви :

 Тропари  на  Пресвета Богородица пред  Нејзината  икона  "Шујско -Смоленска’’:

 Глас  4:
Како скапоцена ризница ја создаде градот Шуја/ чудесно напишаната икона Твоја,/Пресвета Владичице, Дево Богородице,/ во исцеление на жестоката чума и за утеха на православните Тебе подарена,/ од неа извори на благодат и до денес обилно се излеваат./ Простри ја, Пречиста и во иднина милоста Твоја кон оние кои Те познаваат,/ зачувај го градот Твој и сета Руска земја// и спаси ги луѓето кои со вера кон Тебе притекнуваат.

 Глас  4:
Себлага и премилостива Застапничке на родот христијански,/ Пречиста Дево Богородице,/ припаѓајќи пред светата и чудотворна Твоја икона,/ која од жестоката епидемија градот Шуја претходно го избави,/ смирено повикуваме кон Тебе:/ не престанувај под покровот на Својата благост/ да го сочуваш од неволји и незгоди градот Твој/ и сите градови и села на земјата Руска и моли Го Синот
Твој, Христос Бог наш,// за спасение на душите наши.



   Кондаци на Пресвета Богородица  пред  Нејзината  икона  "Шуиско -Смоленска’’:

 глас  3:

Мајко Божја Пресвета,/ крепост христијанска, на градот наш Шуј покров и застапништво!/ Молитвите на слугите Твои кон иконата Твоја што припаѓаат, прими ги,/ во исповедање на Православната вера укрепи,/ од секоја напаст и неволја избави,/ жалостите земни во радост претвори ги// и моли Го Синот Твој градот и луѓето Твои во светот да ги спаси.

 глас  6:

Сигурна Претставничке на христијаните,/ Застапничке пред Творецот постојана,/ не презирај ги молитвените повикувања на грешниците,/ но скоро дојди како Блага/ помогни ни нам кои со вера Ти повикуваме:/ побрзај на молитва и застапи нé,// секогаш штитејќи нé Богородице, нам кои Те почитуваме.

 Извори:

https://ru.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D0%B4%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D1%82%D1%80%D0
%B8%D1%8F... https://days.pravoslavie.ru/name/2935.html
ttps://azbyka.ru/days/ikona-odigitrija-shujskaja..

 

 

Подготви: Снежана Корнет

16-ти ноември 2018 лето Господово

 

Друго:

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D1%81%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all