Монах Павле од Лавра 

ЖИТИЕ И СЛУЖБА НА СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ

Korica.zitie.sv.Nektarij.jpg     vozdvizenie.jpg

 Службата што овде ја објавуваме е дело на мо-нахот Теодорит Дионисијатски. Таа е за првпат обја-вена во 1979 година, во познатиот „Диптих" на кати-гитот на теолошката школа во Атина, г. П. В. Пасхос. Покрај ова печатено издание постојат уште два рако-писа во кои е содржана службата на свети Нектариј. Едниот од нив се наоѓа во скитот на манастирот Голема Лавра - „Св. Мина", а вториот се наоѓа во библиотеката на рускиот манастир „Св. Пантелејмон". Разликите во трите служби се незначителни. Местата што беа нејас-ни во едниот ракопис, дообјаснети се со користење по-датоци од другите два ракописа.

 Korica.zitie.sv.Nektarij.jpg

 НА МАЛА ВЕЧЕРНА

На Господи, воззвлхъ,
 стихири на 6, глас 8.

Подобни на: Что вы ыдрЕЧбмъ СВАТІИ...


Како да те наречеме, светителу? Подвижник ли -бидејќи страстите на плотта ги умртви, борец ли -бидејќи битката добро ја заврши, разбивајќи ги сите леги-они демонски. О светилнику, кој блесна со дела божес-твени, твоите заслуги се многубројни, а доблестите го-леми. Моли се за спасение на нашите души. (двапати)


Како да те наречам, Нектарие? Жива вода на бесмрт-ност ли, извор на нектар ли, питие на неминливост ли, ѕвезда што изгрева и духовни зраци што заблескува, или, пак, светилник јасен на оние што монахуваат, зашто е твојот живот жив извор на светлина, која ти ја позна. Блажени, моли се за спасение на нашите души. (двапати)


Блесна како ангел, светителу, откако во храмот на архангелите му послужи на Бога, духовно принесу-вајќи му молитви на жртва и минувајќи го времето како бестелесен, во осаменост, пост, бденија и молитви. Ан-гелски поживеа на земјата и затоа, себлажени, моли се за спасение на нашите души. (двапати)

Слава, глас 2:


Оветителу, оче, богоносен Нектарие! Иако си се ја-вил во последните времиња, сепак, твојот живот и твоите дела се исти како и на древните отци. Затоа, Христос, знаејќи ги твоите подвизи и чистотата на тво-јата душа, те прослави на земјата. Така и ние, слично на тебе, треба да ја разбудиме во нас ревноста кон твоите доблести, за да се удостоиме заедно со тебе да ги достиг-неме небесата и вечното блаженство.

и сега и секогаш:


С ета своја надеж ја полагам во тебе, мајко Божја, зачувај ме под твојот покров.

На стиховни стихири, глас 6.
Подобни на:ТриднЕвеиъ воскрёслъ ёсй...


Божествениот твој слуга, Христе, светителот Нек-тариј, лукавите дејства на демоните со мечот на под-вигот ги отсече и рамен на божествените ангели се по-кажа.

 

Стих: Чесна е иред Госиода смршша на неговише иреиодобни.


Божествениот оган што ти го имаш, Христе, врз слу-гите твои го фрли и со верата на твоите божествени светители го запали трњето на пирејот. Сега за тоа ни сведочи Нектариј.

Стих: Со што да му возвратиме на Господа за сё што ни даде.


Пристапувајќи му на сецарот, Бог, сеславен Некта-рие, не престана заедно со сите светители да се мо-лиш за оние што те чествуваат и што го празнуваат твоето успение.

Слава, глас 6:


Да ја воспееме со вера, богомудри, Троицата во еди-ница; Отецот и Синот - кој е од него тајно роден, и Светиот Дух - кој исходи од Отецот.

и сега и секогаш:


Дево! Надеж си на оние што веруваат и на оние што тебе со љубов те чествуваат. Слушни ги нашите мо-литви и подај ни, богоневесто, да одиме достојно по патиштата Господови.

„Сега го отпушташ слугата твој...", трисветото, и останатото.


Тропар, глас 1.
Подобен на:
Шстыный житель...


Како ѕвезда зороносна си изгреал на Атос, си го ос-ветлил карејскиот скит, те воспита градот Битола, оче наш Нектарие. Просветли ги сите што со љубов те чествуваат и непрестано моли се за сите нас. Слава му на Христа, кој те прославил, слава му што те облагода-тил, слава му на оној што преку тебе ни даде нам исце-ление.

Слава, истото.

И сега и секогаш, богородичен, глас 8:
„Ти кој заради нас се роди од Дева..." и отпуст.

 

Korica.zitie.sv.Nektarij.jpg

 

 

Со благослов на митрополитот австралиски и новозеландски и администратор преспанско-пелагониски господин Петар

 Korica.zitie.sv.Nektarij.jpg

Наслов на изворникот:
ΠΑΥΛΟΥ ΜΟΝΑΧΟΥ ΛΑΥΡΙΩΤΟΥ,
Ό "ΟΣΙΟΣ ΝΕΚΤΑΡΙΟΣ Ό ΑΓΙΟΡΕΙΤΗΣ,
Αθήναι 1991 (Έκδοση: Επτάλοφος ΑΒΕΕ)

Превод од Грчки:
Весна Калпаковска
Валентина Гулевска

 Подготви: Стојанка Тежак

 Друго:

Житие на св. Нектариј Битолски (3)

Житие на св. Нектариј Битолски (1)