Патријархот Московски и на цела Русија Кирил смета дека свештенството би требало поактивно да се занимава со мисионерство преку интернет-блогови и друштвени веб-страни.
За време на средбата со свештенството на Тверската епархија, тој со жалење изјави дека „нивото на дискусии на друштвените веб-страни понекогаш делува депресивно“, а дека истовремено токму таму „се формира расположението на луѓето, особено на младите“.
Според мислењето на поглаварот на Руската Црква, секое намесништво во рамките на епархијата би требало да има свој веб-сајт, преку кого ќе пренесува информации за својата работа, ќе води дијалог со властите и ќе дискутира за општествено значајни, а понекогаш и за спорни прашања.
Извор: ИнтерфаксПреземено од: МПЦ