Геноцидот врз православните христијани во атеистичкиот Советски Сојуз можеби претставува едно од најголемите прогонства на христијаните во историјата.
Какви злосторства извршија болшевиците за време на таканаречената „Руска револуција“?
Го приковаа за подот на црквата. Долго време останал жив. Вжештени железни прачки полека му биле забодувани во телото сѐ додека една не му го прободела срцето. Така загинал епископот Силвестер (Олшевски) од Омск во февруари 1920 година.
Епископот Тихон (Никаноров) од Воронеж бил распнат на Царските двери од иконостасот.
Епископот Андроник од Перм бил жив закопан во јама што самиот бил принуден да ја ископа.
Епископот Хермоген од Тоболск бил врзан за кормилото на брод и удавен.
Епископот Серафим (Чичагов) бил донесен на носилка за стрелање на полигонот Бутово, бидејќи речиси деведесетгодишниот старец повеќе не можел да оди.
Големата кнегиња Елисавета Фјодоровна и монахињата Варвара Јаковлева биле живи фрлени во длабоко рударско окно во Алапаевск.
.Епископот Венијамин Петроградски, заедно со неколку мирјани, бил стрелан по монтиран судски процес заснован на лажни обвиненија поврзани со одземањето на црковните вредности.
Свештеникот Петар Скипетров бил застрелан во лицето во Александро-Невската лавра.
Архиепископот Никон Рождественски бил избоден и осакатен до смрт пред својот манастир, а неговото тело било обезличено до непрепознатливост. Според сведоштва, подоцна му била отсечена и главата.
Митрополитот Владимир (Богојавленски) бил извлечен надвор од ѕидините на Киевската лавра, застрелан и прободен со бајонети додека ги благословувал своите џелати.
Старецот и подвижник, епископот Јован (Помер), бил врзан за врата откорната од шарките, изложен на сурово мачење, а потоа запален додека сѐ уште бил жив.
Епископот Тадеј од Твер бил удавен во човечки отпад.
Отец Алексеј Меркурјев бил убиен пред своите верници, ќерка и син.
Епископот Теофан Соликамски бил соблечен, косата му била исплетена во плетенка низ која провлекле кол, а потоа полека го спуштале во ледена дупка во реката Кама. Неговото тело се покрило со мраз, но сѐ уште бил жив пред конечно да биде удавен.
На некои свештеници и мирјани им ги врзувале рацете зад грб, им ги покривале очите и им наредувале да одат по мразот сѐ додека не паднат во отворена дупка.
Мачителите подбивно ги нарекувале „нуркачи“.Светите затвореници во логорот Соловки биле изгладнувани до смрт, а брадите и мустаќите им биле кубени.
Ниту бројни страници, ниту солзи можат да го опишат сето она што го претрпела нашата земја во тоа време. Ова е само капка во морето од крвта пролеана од Светите Новомаченици, чиј спомен се празнува секоја година.
Стотици илјади свештеници и милиони верници биле прогонувани, затворани или убиени во текот на советските антирелигиозни кампањи. Повеќе од две илјади лица се канонизирани како исповедници и маченици, а колкумина други се познати само на Бога.

За многу верници ова не било само политичка борба, туку жесток обид за искоренување на верата и Црквата.
На почетокот на XX век на територијата на Руската Империја постоеле десетици илјади храмови и манастири. До крајот на 1930-тите години огромен број биле затворени или уништени, монаштвото било речиси искоренето, а голем дел од епископите, свештениците и верниците биле затворени, прогонети или погубени.
Книги за оваа тема:The True Story of Persecuted Christians in the Soviet Union од Георги Винс.
The Bolshevik Persecution of Christianity од Френсис МакКалах.
A History of Soviet Atheism, Volume 2.
Persecutor од Сергеј Курдаков.
Izvor: Fr.Daniel