Благодарение на евангелската мисија на Албанската Православна Црква, постојано се зголемува бројот на Албанци кои се обраќаат кон Христа и кон Неговата света Црква. Подемот кој започна пред скоро две децении продолжува и сега. Според новото известување на Orthodoxia News Agency, неодамна имаше неколку масовни крштевки, при што забележителен број на возрасни граѓани посакаа да се соединат со Христа во крштелните води на очистувањето.  Оваа појава е особено карактеристична за областа на Берат, каде под духовната грижа на митрополитот на Берат, Влора и Канина, г. Игнатиј, се случува голема духовна преродба. За жал, иако бројот на православни верници во Албанија расне, албанската држава го прикрива овој факт во своите официјални статистики.

Извор:

https://bigorski.org.mk/vesti/svet/kontinuirano-raste-brojot-na-pravoslavno-naselenie-vo-albanija/