Добротворниот концерт на Волинската епархија собра 11.000 долари за сирачиња и болни деца (24.01.2020 )

Секоја година, Волинската епархија на Украинската Православна Црква организира добротворен божикен концерт за да собере средства за сирачиња и луѓе во криза. Дваесет и шестиот концерт оваа година се одржа на 21 јануари.



На настанот беа собрани 11.000 долари, а истиот беше отворен од Неговото Блаженство, Архиепископот Волински Натанаил, кој ја нагласи значајноста на настанот за верните во Волин, бидејќи цели генерации пораснаа со овој настан.

На концертот учествуваа голем број хорови од епархијата: хор на свештеници, хор на семинаристи, како и разни групи, ученици од веронаука, и други бројни изведувачи.

Од епархијата беше нагласено дека собирањето на добротворни средства продолжува.

извор: https://orthochristian.com/

Преземено од: МПЦ-ОА