„Главната причина за толку жестоката борба против тебе е недостигот од смирение.
Кога недостасува смирението, на негово место очигледно доаѓа гордоста.
Секој пад, па дури и душевниот, му претходи гордоста.
А бидејќи очигледно не се обидуваш да ѝ се спротивставиш и да ја победиш, таа те победува тебе.
За да се ослободиш од неа, сметај се себеси за последен и најлош од сите, како човек совладан од страстите. Тогаш ќе го видиш плодот на тој труд.
Но, ти, напротив, се сметаш себеси за подобар од другите, ги укоруваш и ги осудуваш.
Кој ти ја дал таа власт?
Затоа непријателот толку силно станува против тебе и те вознемирува со помисли и блудни соништа.


Смири се и ќе ја добиеш Божјата помош.
— Свети Макариј Оптински

pp 17.10.2026