SV.NIKOLAJ.Velimirovik
  ·
Светиот епископ Николај Велимировиќ
РАЗМИСЛУВАЊА ЗА ДОБРОТО И ЗЛОТО!

+++
Молчење


1. За три предмети не брзај да зборуваш:
За Бога – додека не ја утврдиш верата во Него,
За туѓиот грев – додека не се сетиш на својот, и
За утрешниот ден – додека не се раздени.


2. Пилатова правда


За каква правда ти зборуваш?
Не ли не задолжува Бог секојдневно повеќе отколку што можеме да му платиме?
Па сепак Бог не се жали за невраќањето.
За какви закони ти зборуваш?
Кој не е во состојба да го исполни ниту оној минимум должност кој од него го бараат законите, не може да се нарече граѓанин, уште помалку херој, а најмалку светител.
Кога човекот ќе ги исполни сите закони, тогаш може да рече: го престигнав животното. Бидејќи животното прецизно живее според одредените за него закони.
Оној кој не го достигнал животното, како ќе го достигне Бога?


3. Што и да ткаеш, врзувај ги конците за небото


Сите твои дела кои ги правиш не во име на Небото и без дозвола на Небото, ќе ти донесат горчлив плод, бидејќи Небото нема да ги залее со благодатниот дожд, ниту ќе ги осветли со својата животворна светлина.
Што и да намеруваш, слушни го советот од Небото.
Што и да ткаеш, врзувај ги конците за небото.
Прошетај ги мислите по небото
Твоите мисли кои нема да се прошетаат по небото, остануваат неразвиени и болни.
Твоите зборови кои не удираат по небото, остануваат без ехо и ќе бидат како тркалање на камења кои задаваат страв за околината и не носат никаква благодет на долината.


4. Вера и „вера„


Што повеќе невера во неверните, тоа посилна вера во верните.
Изгонувајќи ја добрата вера од себе неверните остануваат со лошата вера. Изгонета, пак, добрата вера од нив низ невидливи патишта преоѓа во верните.
Изгонувајќи ја лошата вера од себе верните остануваат само со добрата вера. Изгонета, пак, лошата вера од нив низ невидливи патишта преоѓа во верните.
Што повеќе се размножува лошата вера, толку повеќе добрата вера добива во силина. И обратно. И така, од секогаш и до век иста е мерата на верата во светот.
Значи, не плаши се за верата во Бога. Никогаш не се плаши од оној, кој од Бог не се плаши.


5. Клетва и благослов


Труди се на луѓето да им го правиш тоа за што на почеток ќе те проколнуваат, но на крајот ќе те благословуваат.
Грешниците ќе те обсипуваат со похалби, ако ги правдаш нивните гревови, но тогаш не оди им блиску до нивната смртна постела.


6. Себичност и хероизам


Биди неповерлив кон теориите и разговорите за законот на себичноста. Не постои никаков закон на себичност.
Бог е присутен во вселената и луѓето се Божји сој.
Човекот кој скока во водата за да го спаси давеникот, со еден потез ги уништува сите такви теории и ги замолчува таквите разговори.
7. Користен човек
Не е секогаш најкористен за народот оној човек кој е најугледен и кого го слуша сиот народ, но многу често оној кој сокриен како совеста се моли на Бога за народот и кого Бог го слуша.
8. Несреќа
Несреќата која Бог ја допушта врз нас е подобра од среќата која сами себе си ја градиме. На своите верни Бог секогаш благоразумно им допушта несреќа.
Тоа е глас на пријателот кој во полноќта му вика на заспаниот: гори пожар!
Мудриот ја остава запалената куќа да изгори и бега за да остане жив. А лудиот се жали сред огнот и чека и тој да изгори во пламенот.
9. Зли разговори
Кои се двете зли работи за кои луѓето најмногу сакаат да зборуваат?
Туѓиот грев и својата победа.
10. Во име на Бога
Се што си изгубил заради Бога, си го сочувал; се што си сочувал заради себе, си го изгубил.
Се што си дал во името на Бога, си дал под интерес; се што си дал во име на славата и суетата, си го фрлил во вода.
Се што си примил од луѓето како од Бога, ти донело радост; се што си примил од луѓето како од луѓе, ти донело грижи.
11. Владеење со себе
Луѓето кои не можат да владеат со своето срце,
уште помалку можат да владеат со својот јазик.
Луѓето кои не можат да го постигнат мирот во своето срце, уште помалку можат да го воведат мирот во државата.
Луѓето кои не можат да го видат светот во себе, уште помалку можат да се видат себе во светот.
Луѓето кои не можат да учествуваат во туѓата болка, уште помалку можат да учествуваат во туѓата радост.
12. Растојание
Држи ги нештата на соодветно растојание, само душата приближувај ја што е можно поблиску до Бога.
Ако истуриш вода врз огнот, нема да имаш ниту вода ниту оган.
Ако посакаш туѓо, ќе го замразиш своето, и двете ќе ги изгубиш.
Ако на слугинката и се приближиш како на жена си, нема да имаш ниту слукинка ниту жена.
Ако често пиеш во има на туѓото здравје, ќе го загубиш своето.
Ако непрестајно ги броиш туѓите пари, се помалку ќе имаш свои. Ако постојано ги броиш туѓите гревови, ќе се намножат твоите гревови.
Ако ја бркаш и фатиш лисицата, ќе ја вратиш кокошката, но ако ја бркаш и фатиш мечката, нема да се врати ниту кошницата ниту ти.
13. Направи, па заборави
Не ги забележувај своите добри дела, бидејќи ако ги забележуваш ќе избледат; ако пак ги заборавиш. Ќе ги впишеш во вечноста.
Не бележи ги злите дела на твојот сосед,
бидејќи ако ги бележиш, пола тежина од тие зли дека ќе падне врз тебе.
Ака пак ги предадеш на заборавот, и Бог ќе ги заборави твоите зли дела.
14. Магија
Да се одрекува црната и белата магија значи да се одрекнува долгогодишното искуство на духовните луѓе. Во морална смисла оваа магија се пројавува во вид на добра или зла волја, а во ментална смисла се пројавува низ злонамерноста или добронамерноста.
Лошата волја на еден човек го малаксува другиот човек, го парализира и буквално го убива. Добрата волја го подигнува, осилува и буквално го оживува.
Кога ќе се сретнат двајца луѓе со добра волја, во нив се зголемува магијата на доброто.
Кога ќе се сретнат двајца со зла волја, во нив се зголемува магијата на злото.
Кога ќе се сретнат двајца, едниот со добра, а другиот со зла волја, меѓу нивните души се одигрува невидлив двобој, иако тие не се ракувале ниту прозборувале ниту еден збор.
И ретко се случува, двајцата да си заминат без рани во душите.
Затоа, кога и да појдеш муѓу луѓето, собери ја сета добра волја и повикај го Бога на помош.
Он ќе заповеда на Своите ангели да не се одалечуваат од тебе. Бидејќи навистина е неискажливо милостив кон оние кои го повикуваат.
Кога на детето му се приближува змија, не брза ли мајката на помош? А милоста мајчина е бледа како сонот во однос на милоста Божја.
15. Казна
Кој ќе се огреши кон физичкиот свет, бива казнет физички.
Кој ќе се огреши кон моралниот свет, бива казнет и физички и морално.
Кој ќе се огреши кон духовниот свет, бива казнет физички, морално и духовно.
Така: кој фрла прашина спроти ветрот, прашината му се враќа во очите.
16. Добротата е далековида
Добротата е далекувида и ги гледа најдалечните причини. Злобата е кратковида и ги гледа најблиските причини. Злобата и птицата гледаат дека е потребен облак за да падне дожд.
Добротата гледа дека е потребен Бог за да падне дожд. Злобата и магарето гледаат дека е потребно ѓубриво за да порасне пченката. Добротата гледа дека за пченката да порасне е потребен Бог.
17. Слабиот
Злосторството е слабост, а не сила.
Злочинецот е слабак, а не јунак. Затоа сметај го злосторот за послаб од тебе и како што не се осветуваш на малотот дете,
така не се осветувај ниту на злосторот.
Бидејќи тој не е злостор по сила, туку по слабост.
На тој начин натрупуваш сила во себе и ќе бидеш како море кое не се излива да го потопи секого кој во него фрла камен.
18. Суета
Како што црешата не донесува плод додека не го истресе цветот, така ни човекот не може да донесе духовен плод се дури од себе не ја истресе телесната суета и надворешното украсување.
Лесно е да научиш животно,
Лесно е да го научиш простиот.
Но, тешко е да го научиш оној
Кој сеуште ненаучен
станал учител на другите.

 

Избор од фб профил на Maja Petrusheva