19042009

Молитвата ни е помош во животот.

Беседа со Бога.

Заборавање на земните нешта.

Вознесување кон небото.

Преку молитвата ние тргнуваме на пат кон Бога.

Молејќи се нема да се погордееме, ако имаме свест за тоа дека стоиме пред Бога.

Молитвата е сонце на умните очи на душата.

Како што сонцето е светлост за телото, така за душата е молитвата.

Огнената молитва е неизгаслива и вечна светлост за душата и разумот.

Молитвата е општ лек кој ги изгонува сите страсти.

Молитвата е облека на животот, таа е цвет кој носи надеж.

Не ја твориме молитвата во надворешениот телесен став, ниту во плачот на гласот, туку со спремноста на волјата.

И не ја твориме бучно и со викање, и со красноречивост така што би ги одбиле ближните, туку со секоја кротост, скрушеност, разум и внатрешни солзи.

Човековото срце е создадено за да се исполни со крајни добра, само во хранењето со доброто тоа ликува и се весели, бидејќи во него се наоѓа Бог, а од срцето на неверникот Бог отстапил.

Срцето има бескрајни желби бидејќи е и создадено за тоа да расцвета бескрајно.

А срцето на неверникот не исполнето со вечноста, вечно воздивнува, трага и жеднее, но никако не може да се исполни, бидејќи световните задоволства се слаби да ја исполнат срцевата празнина.


Световните наслади и задоволства кога ќе поминат ја оставаат горчината на талогот, а сестра на изчезнатата слава е жалоста.

19042009

 

 Извор:

https://www.manastirslepche.mk/novost/za-molitvata-sveti-nektarij-eginski/