ʺПа како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив! И ако ги сакате оние, што вас ве љубат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците ги милуваат оние, што ги сакаат нив. И ако им правите добро на оние, пто вам ви прават добро, каква ви е наградата? Оти и грешниците го прават тоа. И ако давате на заем на оние од кои се надеватае дека ќе ви го вратат, каква вие наградата? Зашто и грешниците им даваат заем на грешници, за да им се врати истото. Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така ќе биде голема наградата ваша и ќе бидете синови на Севишниот, зашто Он е добар и кон неблагодарните и кон лошите.ʺ(Лк. 6, 31-36).

    Какви воодушевувачки  и прости слова! Тие се така прости, така природни, така што кога човек за прв пат ги слуша, дури како да е засрамен. Господи! Како порано самиот не се сетив на тоа! Но, сè велико е просто и целото Христово учење е совршено просто. Тоа било насочено  кон луѓе со прости срца; него го прифатиле најобичните галилејски рибари, кои пак станале светилници на целиот свет.
    По Христа врвеле и се обрнувале кон Него пред сѐ, обичните луѓе, затоа што секое Христово слово е воодушевувачки блиско до човечкото срце. Целото Негово учење, веќе само по себе е многу разбирливо, а колку е далеку во исто време од нашата дејствителност-од неговото воплотување во животот, од исполнувањето на тие прости слова, тие велики заповеди на Христа!
    Колку всушност ретко се случува да постапуваме со луѓето, онака како што сакаме тие да постапуваат со нас. Ние очекуваме уважување од луѓето, а  самите ние ги унижуваме; сакаме да ни помагаат во нужда, а самите ние никогаш не посмислуваме за помагање на ближните, кога сме задоволени.

    Што значи тоа? Зошто е тоа така? Зошто не постапуваме со луѓето така, како што сакаме тие да постапуваат со нас!

    Затоа што, гледате, ние не кон сите правиме така. Во однос на своите најблиски, кои горешто ги љубиме-својата жена, деца, татко, мајка-ние постапуваме според Христовите заповеди; ги љубиме како себеси и не им го причинуваме она, кое не го посакуваме на себе. Која мајка, која од сето свое срце го љуби своето дете, нема да му ја даде сета своја љубов, сите милувки, дури и животот ќе си го даде за него? Нели така го исполнува законот Христов. Но, со оние, кои ги нарекуваме наши ближни, а всушност ги сметаме за далечни и туѓи, не постапуваме така. Што нѐ спречува да постапуваме со нив така, како што постапуваме со најблиските и  оние кои ги љубиме? Ни пречи нашиот егоизам, нашето себељубие, затоа што ние само себе се сакаме. Затоа сме добри со блиските, зашто ги љубиме; затоа и не сме добри со далечните, зашто не ги љубиме. За себе се тревожиме, се љубиме, а оние кои не опкружуваат не ги љубиме, често ги навредуваме, ги оскрбуваме. А Господ поставува така справедливо, така чисто, така свето барање: ʺПа како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив!ʺ И понатаму вели:ʺ И ако им правите добро на оние, што вам ви прават добро, каква ви е наградата. Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така ќе биде голема наградата ваша и ќе бидете синови на Севишниот.ʺ    Најголемо, најтешко барање постаувува Господ Исус Христос: Он сака да ги љубиме непријателите. Да не е лесно тоа? Не, не, тоа е совршено тешко. Да ги љубат непријателите се научуваат тие, чии што срца се чисти, кои од сето срце го љубат Бог и ги следат Неговите заповеди, во кои се вселува Светиот Дух, духот на смирението и кои стануваат исполнети со љубов.

    Само оние кои научиле да ги љубат непријателите, да ги љубат оние кои ги мразат, ги победувале со добро и љубов. Имено низ тоа добро, низ таа љубов тие трупале оган врз главите на своите непријатели, им ги потпалувале срцата и тие се приклонувале кон нив и од непријатели се претворале во пријатели.


    Господ бара од нас да не очекуваме ништо за направеното добро и ветува голема награда на вечна радост, говори дека ќе бидеме синови на Всевишниот. ʺБидете милосрдни, како што е милосрден и бвашиот небесен Отец.ʺ Понатаму: ʺзошто Он је благ и кон неблагодарните и и кон злите.ʺ Тој праќа дожд на сите-и на добри и на зли, заповеда сонцето да свети на целиот свет.
    Во што се состои коренот на милосрдието? Во жалоста, во состраданието. Жалоста, состраданието-тоа се основните својства, основните квалитети на љубовта. Во кого има љубов-има и жал и сострадание, зошто не е возможно да љубиш, а да не сострадуваш. Таквиот неможе да не прави добро на оние, кои имаат некаква нужда, односно да го прави без да очекува било каква благодараност, без да очекува да го прими истото.

    Од чистата љубов произлегува нашето милосрдие, од чистата љубов ги исполнуваме ние тие Христови заповеди-даваме заем на оние, од кои не се надеваме да примиме назад, вршиме секакви добри дела. И кој постапува така, го очекува голема награда од Бог-син на Севишниот да биде наречен.

    Вие знаете, што говореше Гопсод Исус Христос за Страшниот Суд  и за тоа, на кој начин ќе бидат оправдани праведниците. Само заради љубовта, заради делата на љубовта. Тие ќе се наречат синови на Всевишниот, ќе заблаескаат као ѕвезди на небото. А, оние кои немале љубов, кои не правеле дела на милосрдие, ќе се наречат синови на ѓаволот и ќе се мачат вечно со него.
    Од апостолот Јован Богослов, великиот апостол на љубовта, научивме, дека љубовта е исполнување на сиот закон. Милосрдието е исто така сиот закон Христов, бидејќи и тоа произлегува од љубовта.
    Што да правиме, за да придобиеме љубов? О, тоа е велико дело, тоа е огромно дело, тоа е целта на нашето суштествување, целта на сиот наш живот. Ние затоа сме создадени од Бог, за да се приближуваме кон Него духовно. Затоа и живееме, за да станеме синови на Всевишниот, за да се усовршуваме и да врвиме кон Него.

    Кој е патот, по кој треба да одиме?
    Поминувајте преку тесните врети, каменитите и трнливи патишта, без да се плашите од страданијата, затоа што тие раѓаат добро. Оној кој страда се ослободува од злобата, се ослободува од егоизмот, станува тих, кроток, полн со љубов. Требада одиме по патот на скрбите, исполнувајќи ги сите Христови заповеди. Преку непрестајни молитви и пост треба да прибиваме во општење со Бог. Таквите придобиле љубов, кои налик на преподобен Серафим Саровски, дење и ноќе се молеле и постеле. Нивните срца Господ ги очистува од секоја нечистотија, затоа што Светиот дух, духот на Љубовта, може да престојува само во кроткото, смиреното срце. Треба да придобиеме кротост, смирение, тогаш ќе дојде и светата љубов.

    За многу, за мноштво нешта имаме да се молиме, каејќи се за безбројните свои гревови. Но, постојана и основна треба да нѝ биде молитвата-Господ да ни го очисти срцето од злобата, да ни ги подари велките христијански добро детели-кротост, смирение, света љубов. Никогаш не ја зборавајте најважната молитва, таа за љубовта. Молете се онака, како што Бог ќе ви положи на срце. На пример вака:ʺ Господи дај ми света љубов, научи ме да ги љубам сите луѓе: и лошите и гордите и глупавите и нечестивите, онака како што Ти, Господи, не љубиш сите нас, грешните и окајаните.ʺ

 

Превод од бугарски: М. Б.

31.03.2017 год.

Извор: http://pravoslaven-sviat.org/2017/03/07/i-kakto-iskate-da-postypvat-s-vas-chovecite20935/