Никогаш
1. Не се препирај
2. Не го повишувај гласот без потреба
3. Немој да опаѓаш
4. Не очајувај
5. Не се прејадувај и не се препивај со алкохол
6. Не лажи
7. Не се гневи
8. Не барај возвраќање и благодарност
9. Не отфрлувај или не прифаќај нешто категорички
10. Не се воздигај

Никому
1. Не завидувај
2. Не ласкај
3. Не се одмаздувај
4. Не говори грубости
5. Не ветувај нешто кое не можеш да го исполниш
6. Не се фали
7. Не биди на терет (доколку е можно)
8. Не памти зло
9. Не одговарај на злото со зло, туку со добро
10. Не го посакувај тоа што не го сакаш за себе си

Никого
1. Не навредувај
2. Не потценувај
3. Не се гнаси
4. Не се срди
5. Не исмевај
6. Не осудувај
7. Не сметај други за полоши од себе, туку спротивно
8. Не оговарај
9. Не прави идоли од смртниците


Што луѓето сакаат:
1. Добар однос кон себе
2. Почит, љубов
3. Бескрајно среќен и млад живот
4. Слава, пари и богатство
5. Сите можни задоволства и забава
6. Среќа во семејството
7. Вкусна храна
8. Накит, убава и модерна облека
9. Одмор. Патувања
10. Голем имот
11. Да имаат одлично здравје
12. Брзо задоволување на своите желби
13. Да остават поволен впечаток пред другите


Што луѓето не сакаат:
1. Грубост, потценување во однос на себе
2. Невнимателност
3. Омраза и гнев од страна на другите
4. Да стареат, болуваат и умираат
5. Да бидат во сенка и незабележани
6. Сирмоштво и беда
7. Досада и едноличност
8. Семејни караници и разводи
9. Гладување
10. Да бидат лошо облечени
11. Напорна работа
12. Непрестаен престој на една место
13. Да имаат малку имот
14. Да доживеат физичка болка и страдање
15. Исчекувања
16. Да изгледаат лошо

Подготви: дипл. теолог Александар Ивановски
(Извадок од книгата „Терапија на душата според Светите Отци“)

 

Друго: