На аголот од една улица стоел еден просјак и просел за леб.
По улицата минел некој коњаник, дојавал до него и го удрил со камшикот по лице. Гледајќи го јавачот додека се оддалечувал од него, просјакот се исправил и викнал: БИДИ СРЕЌЕН!
Еден селанин седел во близина и видел се’ што се случило. Сепак… последните зборови на просјакот сосема го збуниле.
Не издржал, а да не го запраша просјакот:
Зарем навистина си толку понизен и скромен?
Не, – одговори просјакот. – Но, доколку коњаникот беше среќен човек, никогаш не би дошол да ме удри со камшикот по лице!
Извор: Православље
Преземено од: Маран Ата