„И кога не можам да се променам, Бог не ме остава“

Постои еден замор кој не произлегува од она што ни се случува, туку од она што сме.Тоа добро го знам. Уште од мало дете се борам со анксиозноста, стравот и немирот. Поминаа години, терапии, молитви, моменти на вера и моменти на големо разочарување. И денес, на 51 година, има денови кога се прашувам: „Толку долг пат поминав, а сè уште сум тука?“Човекот не се надминува лесно самиот себе. Својот карактер, својот темперамент, старите механизми на одбрана, оној длабок начин на кој научил да се плаши од животот.Можеби токму тоа е најтешкиот крст: секојдневното живеење со она што во нас не се менува онолку колку што би сакале.А верата?Мојата, барем, никогаш не била без пукнатини.
Многупати се кршела.Понекогаш Бог бил толку близу што сè се исполнувало со светлина,
а понекогаш изгледал застрашувачки тивок.Но, малку по малку, сфатив нешто.Христос не ми вети дека ќе ме ослободи од секоја слабост. Ми вети дека нема да ме остави сам во неа.И така, сè уште се борам.
Сè уште се плашам.
Сè уште се заморувам.
Но, сè уште и се надевам.Не затоа што се победив себеси.Туку затоа што почнав да верувам дека Бог не ме напушта тогаш кога јас не успевам да станам оној што би сакал да бидам.Хараламбос Пападопулос / Подготви С. Стефковски