
Болката е сведоштво за љубовта

Не страдаме само затоа што сме изгубиле сакана личност, туку и затоа што одеднаш сфаќаме дека светот продолжил понатаму, иако нашиот за миг застанал.
Денешното време нè учи болката брзо да ја потиснеме, да ја сокриеме и што побрзо да ја надминеме. Но љубовта не функционира така.
Кој вистински љубел, вистински ќе тагува. Болката не е доказ дека немаш вера. Многу често таа е доказ дека си љубел искрено.
Ме прашуваш каде е твојата мајка. Не можам да одговорам наместо Бога.
Но знам во каков Бог верувам. Во Бог Кој ја победи смртта така што самиот помина низ неа
.Во Христос Кој застана пред гробот на својот пријател Лазар и заплака, уште пред да го воскресне. Тоа значи дека Бог не ја презира нашата тага, туку ја споделува, ја осветлува и ја преобразува.
Затоа повеќе се потпирам на Неговата милост за твојата мајка, отколку на сопствените стравови и мисли.
Што се однесува до помените, те разбирам. Велиш дека не само што те тешат, туку и повторно ја отвораат болката, правејќи го отсуството уште почувствително.
Но тие се и чин на љубов и надеж. Тоа е начинот на кој Црквата сведочи дека смртта не го прекинува заедништвото на љубовта.
Плачи кога срцето ќе има потреба. Зборувај Му на Христос како што би му зборувал на најблискиот човек. Нема потреба ништо да криеш од Него.
И запомни нешто важно: отсуството не е спротивност на љубовта. Спротивност на љубовта е заборавот.
Додека љубиш, твојата мајка сè уште има место во твоето срце. А додека се надеваш во Христос, смртта веќе нема последен збор.—
Отец Хараламбос Пападопулос / подготви С.Стефковски