Архимандрит Лазар Витаниски

ДУХОВНА ПРЕЛЕСТ (ИЗМАМА)

skit.jpgВо основата на сите наведени гревови лежи недостаток на вера, побожност и црковност. Овој грев се состои во лажно чувствување на изобилна лична духовна надареност. Овој грев посебно е распространет во монашките средини, меѓу духовно развиените луѓе со зголемена духовна чувствителност, кои живеат аскетски живот. Човекот што се наоѓа во состојба на прелест се смета за достоен и мисли дека стекнал особени плодови на духовното совршенство, а како потврда му служат различните „знаци", односно сонови, гласови и привиденија. Таквиот човек може да биде мистички многу надарен, но при недостаток на црковна култура и богословско образование, и, што е најважно - заради недостаток на добар и строг духовник и ако средината лесноверно ги прифаќа неговите приказни и откровенија, таквиот човек во себе брзо изградува гордоумие и лажна ласкава претстава за својата духовна состојба. Обично, таа состојба со сфаќање на загонетен сон, преполн со хаос како мистично откровение или пророштво. Во следниот стадиум и најаве почнуваат да му се јавуваат блескави привиденија во кои тој, наводно, гледа ангели или некој од угодниците, или дури и Богородица и Самиот Спасител. Тие соопштуваат најневеројатни откровенија, често потполно бесмислени.

По учењето на светите отци, на соновите не треба да им обраќаме никакво внимание, а уште помалку треба да ги прекажуваме. Исто така, треба да се однесуваме со крајна недоверба кон разновидните привиденија и знаци - треба да побрзаме со исповедувањето на секое такво чудно привидение кај духовникот, а исто така треба да обрнеме внимание и на срцето - да не никнало чувство на гордост, засновано на мислата за својата избраност, посебна духовност, и повеќе од се треба да се плашиме од тој чир на душата од кој и се раѓа состојбата на прелест.

ГОРДОСТ И СУЕТА

Тоа се најдлабоките, најраспространетите и најпогубни болести од кои потекнува секое зло во човекот. Гордоста е мајка на сите страсти и гревови. Човекот ништо не го оддалечува од Бога толку како гордоста. Од неа произлегуваат сите, на неа слични, болести: самољубие, вообразеност, егоизам, лицемерие и сл. Гордоста не е секогаш очигледна, но нејзиното присуство секогаш може да се најде во многу постапки. Човекот што стражари над себе, лесно може да ја забележи во себе, но не може секогаш да ја измери нејзината длабочина и да ја опише со зборови. Затоа суетата, како најблизок слуга на гордоста, секогаш е очигледна. Тоа е многу лукава страст, таа како крадец или како поткуплив цариник од секоја добродетел, воопшто од секоја човечка постапка се обидува да отсече дел во корист на гордоста во слава на самозадоволното човечко „јас". Прави ли човекот добро или лошо, убаво или грдо, суетата секогаш е тука и демнее - од тоа да извлече нешто пофално што го храни болното самољубие. И обратно: пред да почне човекот нешто да работи, тој секогаш во себе расудува: треба ли тоа да го направи, како да го направи, заради што; и веднаш тука доаѓа суетата со своите погубни предлози, лукаво извртувајќи ги добрите желби и подметнувајќи, наместо богоугодни мотиви, лажни - заради прославување на својата личност. Ако човекот почнал да прави добро заради Господа, суетата му шепнува: „Да, ајде, тоа е многу добро, а и луѓето после добро ќе зборуваат за тебе..." и, ете, човекот одеднаш почнува да се воодушевува од себе си одеднаш почнува да му доаѓа сила, човекот повеќе не забележува дека ја прифатил лукавата мисла и се труди во своја слава, а не Божја. Токму затоа нашиот Спасител често не учел за таа страст - дека не треба да се молиме јавно, да гледаат луѓето, и дека милостињата треба да се дава тајно и секое дело да го правиме пред Бога, а не пред луѓето. А толку е разновидно дејството на сите замки на овие страсти што е невозможно да се разоткријат. И како што пишуваат отците, само што ќе се ослободиш од еден повод за суета, таа веднаш го наоѓа во спротивното дејство - и така, како кај лушпите од кромид, ќе тргнеш една, а под неа се наоѓа иста таква, нова. Сепак, бидејќи оваа страст е заразна и тешко се лекува, со неа треба најжестоко да се бориме зашто таа го уништува секј човечки труд. Честопати, целиот надворешен живот на христијанинот може да биде многу примерен, многу ревносен, а одвнатре целиот изеден од тој црв, целиот може да биде основан на тој лажен темел (на песок) и целото огромно велелепно здание може да се урне од лесно ветре.

И имај на ум, брате: во наше време оваа страст многу е распространета меѓу христијаните во вид на лажна побожност, лажна ревност, човекоугодување, во вид на ласкање и лицемерие. Затоа, бдеј внимателно над своето срце и исповедувај ги гревовите од тој вид на исповед за да не би ја заменил славата Божја за слава човечка.


 

(Продолжува)

Извадок од книгата:

ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархиј

Друго: Pokajanie.korica.jpg

БОГОХУЛСТВО И ЗАКОЛНУВАЊЕ ВО БОГА

 Што е тоа грев и кои се основни гревови (3) 

СВЕТА ТАЈНА ПОКАЈАНИЕ И ИСПОВЕД (2) 

ПОВИК КОН ПОКАЈАНИЕ

 

 

 

 

 

 

 

Посети: {moshits}