Не стреми се прерано кон повисокото

          Не вознемирувај се! Не стреми се прерано кон повисокото. Во духовниот живот секое прескокнување е неумесно, потребна е трпеливост и постепеност.

Веќе почнува да ти пречи она што е некорисно за тебе: световни книги, политика и бесполезно талкање по разни луѓе? Да, сето тоа му наштетува на оној што е внимателен. Преку твоите способности, бори се правилно со страстите. Какви било страсти и да забележиш во себе, постојано бори се со нив. Прави го ова не само со своите сили, туку и со Божјата помош. Обрни повеќе внимание на главната страст, која најсилно е вгнездена во тебе. Знај дека наш е само трудот, а успехот зависи од благодатта.

Благодатта не се дава заради трудот, туку заради смирението: кој колку ќе се смири, толку благодат и ќе добие. Успехот во добродетелта не зависи од нас, туку од благодатта.

Човекот не може да биде само во една состојба, се случуваат слични промени како и времето. Добро е да се биде на Тавор, но понекогаш треба да се биде и на Голгота. Оној што внимава и што расудува, наоѓа многу начини за да го разбере тоа.

Старец Јован (Алексеев)

 

https://www.tiveriopol.mk/ne-stremi-se-prerano-kon-povisokoto/?fbclid=IwAR0eDvjY2p-5NB5OHKXjxPQYleG3xVzdciq2PJcHODtFuLvYnIgM2mGueq0

7.12.2022 г.