TViTer393

Светата  Литургија е опит од Бога

TViTer395

Светата Литургија е опит од Бога. Тоа е патување во Неговото Царство. Таму разбирате дека нашата вера не е само една убава идеја, туку е суштинска животна вистина. На светата Литургија присутен е Самиот Христос кој го допира нашето битие. А она што го допира Бог се преобразува во светлина. Се менува и се просветлува. Не се менуваат проблемите, туку ние. Ова е тајната што треба да ја разбереме, дека не треба да се промени нашиот живот, туку како гледаме на него и како го живееме.
Еднаш поминав низ големо искушение. Од оние кои не ти оставаат ниту еден здив и утеха во тебе. Го вкусив пеколот, гледајќи со копнеж кон Рајот.
Предлогот на мојот духовник беше: „Сакам да служиш Света Литургија секој ден“. Јас го послушав. Отидов првиот ден, но мојот ум воопшто не се собираше во богослужението. А моето тело - летаргично и неволно да прави било што. Светата Литургија заврши и јас разочаран си заминав.
Повторно разговарав со мојот духовник, кој пак ми повтори: „Продолжи да служиш за да се загрее маслото во моторот...“, така и направив. Но, вториот ден беше полош од првиот. Бев на друго место, изгубен во бедата на очајанието. Дали знаете што значува очајанието? Св. Ефрем Катунакиски велеше: „Пекол“.
Отидов и третиот ден. Служев повторно со неверојатна мака. Но, кога завршив и ги превиткував  одеждите, велејќи си: „Залудно го правам сето тоа, бидејќи сум изгубен“, една светлина, неискажлива радост, заедно со надежта го обви целото мое битие. Радоста што ја чувствувате, дека нема да издржите од засиленото доживување.
Се насмеав, почувствував надеж и светлина, негативните мисли исчезнаа, срцето ми беше слободно. Длабока наклонетост го обзема целото мое битие. Радост и светлина, надеж и вера, љубов за секого и за сè. Разбирање и сочувство, прифаќање и простување. Сите во светлина, „сè се  исполни со светлина“.
Не, проблемот што ме окупираше не исчезна, тешкото искушение беше тука, но сепак не ми изгледаше како ѕид, не ме разочара, не се чувствував затворен во негово присуство.
Можев да размислувам и да видам решенија. Имав храброст да се соочам со тоа, да покажам трпение и надеж да го придвижам животот напред. Веќе не ме рануваа клинците на крстот.

TViTer394
Тоа е Светата Литургија, парусијата ( присуството ) на Самиот Христос, патување високо во рајот каде, кога ќе се качите таму:
Кога ќе погледнете од високо
земјата приличи на  цртеж
а ти ја сфати сериозно.
И тоа кое те повредило или те помрачило,
одозгора ако го погледнеш,
ќе се стори толку безначајно,
што во моментот  ќе го заборавиш


Автор: о. Харалампиј  Пападопулос
Извор: sveticarboris.net


За Преминпортал:   Симеон Стефковски