TViTer317
 
 
       Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да научи да љуби и никогаш нема да биде вистински љубен.
Оти, љубов примаме зависно од тоа колку сме подготвени да страдаме, а оној што силно љуби, истовремено силно страда и се жртвува за другите.
          Лицемерно е да зборува за љубовта човек кој не страда, и што не го зел крстот свој и не оди по Христос. Не сакаме да го носиме Крстот Христов и не одиме по Христос ако не живееме во послушание кон својот духовен отец.
        Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти Христос, иако Бог, ни покажа пример на послушание кон родителите и сѐ до Својата триесетта година им беше послушен на праведниот Јосиф и на Својата Пречиста Мајка. Се одрекуваме од Христос и не одиме по Него, ако не живееме во согласност со Преданието на Црквата и во согласност со Евангелието...
 
Викарен Епископ Јаков Стобиски