БУКВАТА УБИВА, А ДУХОТ ОЖИВОТВОРУВА!


Пред две години, по случај смртта на преподобниот старец Емилијан Симонопетриски, го запишав кажувањето на старец Јосиф, за неговата блискост со светиот Ефрем Катунакиски, и како Бог му открил дека молитвата на старец Емилијан има сила како онаа на свети Василиј, сега ќе се надоврзам на тоа.
Бидејќи често го посетувавме скитот на Мала света Ана, во Атонската Пустина, каде во ќелијата Успение Богородично беше старец отец Спиридон, наша голема утеха пред Бога, преку Томадите и Данилеите, неколкупати ја посетивме и Катунакија.


Во ќелијата на свети Ефрем Сирин, каде што живеел преподобниот Ефрем Катунакиски, денес живее старец Јосиф, духовно чедо и ќелијарх до смртта на преподобниот, од кој и ја наследил ќелијата. Тој ни раскажа многу случки од животот на преподобниот, кои сè уште не се запишани. Помеѓу другото, како жив сведок, ни го посведочи следново:


"Откако старецот и отец Емилијан се зближија, ние почнавме често да го посетуваме него во Симонопетра. И покрај тоа што тој беше доста помлад од старецот, сепак беше со покревко здравје. Нивните средби трае со часови: некогаш разговараа за духовни работи, се советуваа меѓу себе, некогаш дебатираа за теолошки теми, но најчесто се молеа заедно, најверојатно така и станаа толку блиски.

- Старецот ќе влезеше во ќелијата на отец Емилијан, а јас останував надвор, но еднаш требаше да земеме нешто, па ме викнаа и мене. Кога влегов, тоа воопшто не наликуваше на ќелија на светогорски игумен, целосно празна. Едно биро со книги и пред него некаква столица исто така преполна со книги. Ѕидовите празни, нема кревет, нема фотелја, нема ќумбе за загревање, ништо. А во еден агол од ќелијата, во висина на глуждот, потставена една мала икона на свети Василиј Велики. Јас го погледнав старецот, а тој ми даде знак да го променам изгледот на лицето и ништо да не прашувам.


- Кога заминавме, старецот ми рече: 'оче Јосифе, немој да се соблазнуваш од скромноста на отец Емилијан, бидејќи е искрена. Таа мала икона што ја виде на подот во аголот, старецот ја ставил таму, за кога одмара малку на подот, да не се одделува од прекрасниот лик на свети Василиј, но и болестта го притиска, па сè повеќе се моли таму, така скупчен'. Јас се прекрстив и Му заблагодарив на Бога и Богородица што ме удостоиле да живеам во близина на вакви светии".

19042009


(На фотографијата свети Јаков Цаликис како се моли пред икона, која е поставена на подот)

 

Избор од

фб профил на

Aleksandar Dimoski

 

20ти јуни 2021 лето Господово