crkva.selo.dr.jpg

Најшироката заповед која го опфаќа целиот човеков духовен живот, заповед, чие исполнување треба да се претвори во постојана состојба на човечката душа е заповедта за молитвата. Апостол Павле неа ја изразил во два збора: Непрестано молете се (1 Сол. 5, 17). Другите заповеди претставуваат, или одредени дејствија, кои се извршуваат во одредено време, или чувства кои не можат да бидат постојани и непроменливи. Дури и љубовта кон Бог кај подвижинците се сменувала со периоди на оладување. Овој духовен пламен еден миг горел силно во нивните срца, друг миг по Промисла Божја се криел во длабочините и тајните одаи на нивниот дух.
Човечката душа по својата природа е едноставна, но после падот во грев единството на нејзините сили е нарушено, тие стигнаа во состојба на болна дисхармонија, подвоеност, често се противат една на друга. А во молитвата доаѓа до соединување на овие сили, будење на духот и насочување на она што Христос го нарече “ окото на срцето” кон Бог.
Благодатта ги врзува гревовите и страстите, но тие продолжуваат да живеат и дејствуваат во човековата душа, дури и тогаш кога му се чини дека со крилјата на благодатта се вивнал над гревовите и дека во потполност му припаѓа на Бога. Потребно е само на кратко време да ја изгуби благодатта и страстите истиот момент како разбудени ѕверови почнуваат да го раскинуваат со своите канџи неговото срце.

Молитвата е светлина за душата. Кога светлината ќе се изгасне човекот потонува во мрак. Тој го губи чувството за вечноста, престанува да се гледа самиот себе. Бог за него веќе не е Жив Бог, Кој го чувствува со сето свое битие, туку апстрактно – разумна идеја која наликува на ладна и далечна светлина од ѕвезда.

Молитвата за нас како да станала некој вид надворешен данок, кој го плаќаме во одредено време, па дури, и се обидуваме да ја намалиме или сосема да ја избегнеме. Меѓутоа, молитвословијата кои Црквата ги дала неопходни се, тие претставуваат средство за стекнување непрестана молитва. Во животот на древните христијани молитвата служела како некоја основа на која биле нанижани останатите добродетели кои нас и денес н# вчудоневидуваат со својата големина. Молитвата за нив била подземен извор кој непрестано течел, и кој невидливо ги хранел нивните дела, мисли и чувства. Молитвата за нив била оној небесен оган, чии одблесоци понекогаш н# засветлуваат и нас кога ги читаме делата на подвижинците и светителите. Затоа изреките на аскетите, кои се собрани во старечниците се едноставни и кратки, но восхитувачки силни и сликовити, тие личат, ни се чини, на самите старци облечени во стари ризи, и восхитувачќи делуваат на човечките срца.

Човештвото се повеќе се оддалечува од Бога. Порано светот можеше да се подели на христијански и пагански. Денес христијанскиот свет најверојатно наликува на огромна пустина, во која само ретко, по некое чудо се сочувале малкубројни оази, и на некои места под камењата и песокот се пробива по некоја закржлавена трева.

Единствена сила која може да се спротивстави на песокот од оваа пустина која голта сè - е молитвата!
Светот престана да ја сфаќа молитвата. Тој или ја отфрла молитвата (најчесто повикувајќи се на мноштвото неопходни надворешни обврски) или гледа на неа како на медитација – средство за создавање одредено психолошко расположение, односно ја изедначува со автохипноза или автосугестија. И тоа е навистина страшно, зашто светот кој ја изгубил молитвата го изгубил Бога…

Најопасното нешто во човековиот духовен живот е компромисот. Компромисот постепено човекот го претвара во фарисеј кој има две лица и две волји. Токму заради компромисот со духот на светот нашата душа станува с# потешка и молитвата сè послаба. Духот на светот човекот го врзува за земјата со стотици алки.

Што му е потребно на човекот за да се научи на молитвата?
Пред сè, молитвата треба да се смета за најважна должност во сопствениот живот, а с# останато – второстепено. Целиот наш живот треба да & помага на молитвата, а она што & смета треба да биде протерано од него. И ова не е протерување на надворешните занимавања. Древните христијани совесно ги извршувале своите обврски и работата ја сметале служење, но не на луѓето, туку на Бог. Смета друго – нашиот неправилен однос кон светот, кон луѓето и самите себе. Анѓелите се испраќаат да им служат на луѓето, но тие не ја губат молитвата заради тоа. Молитвата гасне заради нашиот острастен однос кон светот кој ни го плени срцето, со неговите дела и појави, резултирано од нашата сецела предаденост на нив.

Човекот мора да го презре она што пречи на неговата молитва. Душата се состои од три сили: ум, чувства и волја (во древната антропологија: сили на мислите, желби и раздразливост).

Гордоста на разумот претставува пречка во молитвата. Гордоста раѓа властољубие и сигурност во сопствената сила. Ако човекот е сигурен во себе тој не може да моли. Неговата молитва се претвара во претрупан монолог, Бог престанува да му биде потребен. Умот кој верува во себе, се исклучува од Бога и под дејство на гордоста и страста на властољубието мисли дека се труди да црпи само од своите сили, како да стекнува оружје и сјај за својата големина во надворешните знаења. Овде се раѓа радозналоста на умот. Човекот се оптеретува со непотребни знаења кои ги смета за интелектуално богатство. Овие знаења ја хранат неговата гордост, а суетата постојано бара сè понови и понови знаења. Ваквиот човек личи на скржавец кој с# довлекува од улица во својата куќа. Неговата соба личи на депонија, тешко му е да дише и да се движи заради ѓубрето, но тој наместо да го исфрли собира с# повеќе непотребно ѓубре. Умот, преполнет со непотребни знаења кои ги стекнал заради суета и нескротлива љубопитност ја влече душата кон долу. Тој наликува на птица чии крилја се врзани со оловни синџири: таа сака да полета, но не може и само беспомошно лази по земјата.

Возвишени молитвени состојби обично достигнуваат луѓе со едноставен ум и срце или оние кои сметаат дека световните знаења кои ги стекнале се прав и прашина.

Човекот мора да се откаже од непотребните знаења за да има слободен простор во душата во кој би можела да делува благодатта.
Лажните знаења претставуваат испишана и избришана табла на која веќе ништо не може да се напише и нацрта. Презирот кон лажните знаења и гордоста на разумот ги открива пред човекот тајните на верата и духовната мудрост. Незнаењето за надворешното и минливото, она што не преминува во вечноста станува начело на вистинското знаење за духовниот свет и патот кон него. А незнаењето на она што не е потребно за спасението, што се однесува само на чворот на земното постоење, станува тло на кое расте цвеќето на духовната мудрост. Птицата која се ослободила од замките слободно полетува. Умот, кој од мноштво заења се завртува кон едноставноста на детето влегува во онаа внатрешна одаја во која насамо беседи со Бога.

Што треба да направиме за да го прекинеме напливот од информации кои постојано нè преплавуваат? Прво – да се откажеме од гревовното, очигледно штетното, потоа непотребното, а тогаш дури и потребното да го сведеме на минимум, на најнужното; квалитетот на човечката работа тогаш веројатно нема да стане полош, зашто наместо механичко сеќавање во него се буди создавачко сеќавање, тој стекнува умешност низ малку да достигне многу.
Следниот непријател на молитвата е насладата, која ги лаже човечките чувства. Тоа е емоционална провокација на која човечката душа најлесно се фаќа. Насладата е сурогат на среќата, демонски фалсификат кој е повикан да се подметне себе наместо духовната радост која човекот ја изгубил. Таа се завршува со тешко чувство на внатрешна опустошеност и колку била поинтензивна насладата толку посилно ќе биде подоцна чувството на загуба. После емоционалниот занес кој душата го доживува следи извесно пропаѓање во душата – како сенка на смртта. И ова е најсигурен знак дека насладата ја одвојува душата од Бога – Изворот на животот.

Современата култура, освен малиот број исклучоци претставува култ на наслада, понекогаш во истакнато грда форма, а понекогаш под наизглед привлечна маска на добродетели. Острастеното срце не може да биде парче небо, тоа станува грутка земја. Срце кое е извалкано и обезсилено после насладата не само што не може да се моли, туку дури и се противи на молитвата, ја мрази молитвата, како што кучето го мрази оној кој се обидува да му го земе затруеното парче месо. Ваквиот човек или потполно бега од молитвата или само напамет ги изговара научените зборови како комбинација на звуци на сфаќајќи на Кој му се обраќа и што моли, односно останува само надворешната страна на молитвата.

За да се научи човек на молитва треба да ја презре насладата како свој непријател, да го отфрли она што предизвикува страст, дури и ако тоа е исто така тешко како што е тешко, по зборовите на Спасителот, да си ја отсечи раката или да си го ископа окото за да влезе во Царството Небесно (Мт. 5, 29 – 30). Светот особено гневно ги штити своите права на страста и насладата сметајќи дека токму тоа е главната цел на човечкиот живот. Токму заради тоа целата уметност се занимава со тоа – се облекува во трулежниот труп на насладата кој се распаѓа во свилена облека и златни украси.

Страста најчесто се пробудува од силна сетилна слика; затоа во подготовките за молитва сликите, кои ги донел ветрот на световната уметност и световната литература, како и мечтаењето и фантазијата мора немилосрдно да бидат избркани како крадци кои ни влегле во куќата.

karelin.jpg

Молитвата е огледало на човечката внатрешна состојба. Молитвата е суд над човечката душа – дали е верна на Бога.
Третата сила на душата е силата на волјата. Од неа зависи човековата способност да се сосредоточи на потребното и да го штити умот и срцето од с# непотребно. Понекогаш се нарекува храброст на душата. Волјата ја раслабува истото што и умот, и срцето: мноштвото знаења, прекумерните грижи и презафатеноста, заборавањето на главното и мамецот на насладата. Својствата на волјата се одлучноста и трпението.
Во молитвата троделната душа станува триединствена.

Белата боја изгледа особено јака на црна позадина. Духовната светлина станува особено интензивна врз полето на незнаењето на волјата. Апостол Петар рекол: еве ние сe оставивме и тргнавме по Тебе (Мт. 19, 27). Оставивме сè - односно, земните обичаи, закони, претстави и знаења, она што светот им го дава на своите синови; оставивме с# - односно своите човечки помисли и желби. Да се оди по Христос значи да се оди по патот на молитвата која поминува низ човечкото срце. Затоа навистина може да се молат само оние кои како апостолот може да кажат: еве с# оставивме и тргнавме по Тебе.

Молитвата е смрт и воскресение. Кој не умира за светот не може да воскресне за вечноста. Кој не се одрекол од себе не може да се најде себе. 
 
Подготви: Михаила Поповска